Свет
Путин: Се обидуваат да нѐ ограничат само затоа што постоиме
Некои земји се обидуваат да ја ограничат Русија само затоа што таа постои, рече рускиот претседател, Владимир Путин.
Тој смета дека многу поважен резултат на санкциите е создавање конкурентни услови за водење бизнис во земјата, создавање услови за привлекување инвестиции.
„Неодамнешните настани или настаните од последниве години, поврзани со одредени политички мотивирани ограничувања во економската активност на светските пазари и против нашата земја, нѐ охрабруваат да донесеме позитивни резултати, односно да дејствуваме во насока на она што води до позитивни резултати, како што се, на пример, замена на увозни за домашни производи. Најважната работа во нашата реакција на политички мотивирани ограничувања во економијата, кои патем се воведуваат само затоа што ние постоиме и покажуваме можност да ги заштитиме нашите национални интереси бидејќи не станува збор за ништо друго, не е супституција на увоз. Иако е исклучително важно“, рече Путин, пренесува „Спутник“.
Тој исто така рече дека Русија е заинтересирана за стабилни односи со САД поради што би сакала да завршат внатрешните несогласувања во таа земја. Тој потсети на упадот во Конгресот велејќи дека 150 лица се уапсени и дека им се заканува затворска казна од 15 до 25 години.
„Дали таму ќе завршат сите внатрешни несогласувања или не – не знаеме, но сакаме да завршат бидејќи сме заинтересирани за стабилни односи со сите наши главни партнери“, истакна рускиот лидер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

