Свет
(Видео) Путин се пошегува дека Москва ќе се меша во изборите во САД
На прашањето на новинар од Ен-би-си дали Русија планира да се меша во изборите во САД во 2020 година, Владимир Путин се пошегувал велејќи дека сигурно ќе го стори тоа.
„Ќе ви кажам тајна. Да, ние дефинитивно ќе го сториме тоа, само за да ве забавуваме уште повеќе“, рече Путин одговарајќи на прашањето на новинарите на пленарна седница на Руската енергетска недела.
Путин рече дека е смешно да се сугерира дека Москва ќе се обиде да се меша во претстојните претседателски избори во САД и дека Русија ќе соработува со кој било претседател избран од американскиот народ.
„Ние ќе соработуваме со кој било партнер, со кој било претседател избран од американскиот народ“, рече Путин на економскиот форум во Москва, пренесува ТАСС.
Тој истакна дека не биле дадени докази за вмешаност на Русија на претходните избори во САД, додава „Ројтерс“.
Путин исто така истакна дека Русија не презела никакви деструктивни чекори против САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

