Свет
Рекордни бројки на новозаразени во Јапонија и на Филипините
Рекордни бројки на новозаразени се регистрирани во главниот град на Јапонија, Токио и на Филипините.
Во Јапонија вчера биле регистрирани 1.540 нови случаи на коронавирусот, од кои 472 во Токио, што е најголемото дневно зголемување досега во овој град.
Од почетокот на епидемијата во Јапонија се потврдени вкупно 37.401 случаи на Ковид-19, а досега починаа 1.024 лица.
На Филипините се регистрирани 5.032 нови случаи на коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на бројот на заразени лица во земјата. Досега заболеле 103.185, а починале 2.059.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се препушти во рацете на пет држави
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на голема ревизија на Обединетите нации, јавува агенцијата „Анадолија“.
„ОН треба целосно да се реформираат. Светот не може да биде оставен на милост и немилост на пет постојани земји (членки на Советот за безбедност). Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на овие пет постојани членки“, рече Ердоган во Обраќање на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул.
Ердоган го осуди системот на петте постојани членки на Советот за безбедност, според кој тие можат самостојно да стават вето на важни одлуки, велејќи: „Светот е поголем од петте“.
„Руско-украинската војна, која наскоро ќе влезе во својата четврта година, ни ја покажа слабоста на меѓународниот систем“, додаде тој.
Ердоган нагласи дека во Газа не се тестирани само хуманитарните вредности, туку и веродостојноста на глобалниот систем и на ОН. Тој смета дека чувството на вина за холокаустот ги принудило западните земји да се воздржат од критикување на Израел, кој „врши геноцид во Газа повеќе од една година“.
Тој изрази надеж дека примирјето меѓу Израел и Хезболах ќе остане трајно, но нагласи дека итно е потребен прекин на огнот во Газа.
„Итното воспоставување на одржлив прекин на огнот во Газа е неопходно пред човештвото да изгуби уште повеќе од своите вредности. Подготвени сме да сториме се за да го запреме геноцидот во Газа и да ја отвориме вратата за траен мир“, заклучи тој.
Свет
Лидерот на Хезболах прогласи победа над Израел
Лидерот на либанскиот Хезболах, Наим Касем, денеска изјави дека движењето постигнало голема победа, во својот прв говор по стапувањето на сила на прекинот на огнот со Израел во Либан.
„Победивме затоа што го спречивме непријателот да го уништи Хезболах, да го уништи движењето на отпорот или да го ослабне“, рече Касем во телевизиско обраќање, нагласувајќи дека „непријателот не успеал да ги постигне своите цели“.
Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах стапи во сила во Либан во средата, по повеќе од една година прекугранични непријателства и два месеци отворена војна меѓу израелската војска и либанското вооружено движење поддржано од Иран.
Војната остави речиси 4.000 мртви на либанска страна, раселени речиси 900.000 луѓе според ОН и нанесе големи загуби на Хезболах. Касем, кој го наследи Хасан Насрала, кој беше убиен на 27 септември во израелски напад, вети дека ќе соработува со либанската армија, која е задолжена за спроведување на договорот за прекин на огнот.
Под покровителство на САД и Франција, договорот за прекин на огнот предвидува повлекување на израелската армија од Либан во рок од 60 дена. Хезболах мора да се повлече на околу 30 километри од границата и да ја растури својата воена инфраструктура на југ, каде што ќе бидат распоредени само либанската армија и мировниците.
Свет
(Видео) Насилни протести во Грузија откако владата ги прекина преговорите со ЕУ
Илјадници луѓе вечерва повторно излегоа на улиците на Тбилиси за да протестираат против одлуката на владата да ги прекине пристапните преговори со Европската унија до крајот на 2028 година, јавува Би-Би-Си.
Демонстрантите извикуваа „предавници“ и носеа фотографии од новинари за кои тврдат дека биле претепани од полицијата во петокот вечерта.
На протестите таа вечер полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, а власта тврди дека се уапсени 43 лица.
Повеќе од 100 дипломати и државни службеници во Грузија потпишаа отворено писмо во кое тврдат дека одлуката на владата не е во согласност со стратешките интереси на земјата.
Бранејќи го својот потег, премиерот Иракли Кобахиџе ја обвини ЕУ за уцена откако европските пратеници побараа повторување на минатомесечните парламентарни избори во Грузија. Како причина тие наведоа значителни неправилности.
Грузија е управувана од Грузиски сон, партија за која критичарите велат дека се обидела да ја оддалечи земјата од Унијата и да се доближи до Русија.
„Партијата победи на изборите минатиот месец, но пратениците од опозицијата го бојкотираат новиот парламент, тврдејќи дека има изборен фалсификат, а претседателот Саломе Зурабишвили го нарече еднопартискиот парламент неуставен.
Вчера Европскиот парламент ја поддржа резолуцијата која ги опишува изборите како последна фаза од ескалацијата на демократската криза во Грузија и тврди дека владејачката партија е целосно одговорна за тоа.
Резолуцијата изразува особена загриженост во врска со извештаите за заплашување гласачи, купување и манипулација на гласови и вознемирување на набљудувачите.
Европскиот парламент, исто така, повика на санкции против премиерот на Грузија и други високи функционери, вклучително и милијардерот и основач на владејачката партија, Бидзина Иванишвили.