Европа
Рестриктивните мерки во Италија остануваат во сила и за време на викендот
Италијанската влада донесе одлука да останат рестриктивните мерки и во текот на викендот за да се спречи ширењето на коронавирусот, но ограничувањата ќе бидат намалени во текот на работните денови.
Италијанците поголемиот дел од празниците го поминаа во своите домови, а на граѓаните им беше дозволено да ги напуштат своите домови само за да одат на работа, на лекар или во итни случаи.
Овие правила престануваат да важат в четврток, а на синоќешниот состанок на италијанската влада беше донесена одлука за повторно воведување систем што овозможува да се воведат разни мерки поединечно од регион до регион, објави „Ројтерс“.
За време на викендот ќе бидат затворени сите барови и ресторани, а движењето меѓу градовите ќе биде ограничено на минимум.
Владата исто така одлучи да го одложи отворањето на средните училишта до понеделник, а локалните власти на северот на провинцијата Венето, на која ѝ припаѓа и Венеција, одлучија да не ги отвораат училиштата до 31 јануари.
Од почетокот на пандемијата во Италија починаа околу 76.000 луѓе како резултат на Ковид-19, што ја рангира Италија на петтото место во светот по бројот на жртви на коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.