Свет
Речиси 80 отсто од Саудијците се за нормализација на односите со Израел
Седумдесет и девет отсто од Саудијците се за договор за нормализација со Израел во следните пет години, откриваат зачудувачките резултати од една анкета, а повеќе од 70 отсто од испитаниците од четири арапски нации сметаат дека арапските држави ќе ги нормализираат односите, дури и без мировен договор меѓу Израел и Палестинците.
Односите меѓу Ријад и Ерусалим се затоплија во последните години, најмногу поради Иран како заеднички непријател.
Истражувањето, спроведено од Џејмс Зогби од американската „Зогби рисрч сервисес“, беше спроведено меѓу 3.600 Арапи од Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и палестинските територии во периодот од 24 јуни и 5 јули – еден месец пред да бидат објавени договорите за нормализација на односите меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин.
Повеќе од 1.000 Израелци биле анкетирани во посебен дел од анкетата.
Околу 59 осто од Јорданците и Саудијците, заедно со 58 отсто од Египќаните и 56 отсто од испитаниците во ОАЕ, изјавиле дека ги поддржуваат договорите за нормализација меѓу Израел и арапскиот свет повикувајќи се на регионална стабилност и економски просперитет.
Вкупно 61 отсто од Палестинците се спротивставиле на какви било обиди за нормализација.
Околу 80 отсто од арапските и израелските испитаници сметаат дека решавањето на израелско-палестинскиот конфликт е важно, но не гледааат како да се постигне мир.
Наодите се контрадикторни со неодамнешниот извештај објавен од Министерството за стратешки работи, според кој околу 90 отсто од објавите на арапски јазик на социјалните мрежи во врска со договорите за нормализација меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин се негативни.
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во средата ја повика Саудиска Арабија да ги нормализира односите со Израел.
„Се надеваме дека Саудиска Арабија ќе размисли и за нормализирање на своите односи. Сакаме да им се заблагодариме за помошта што ја дадоа досега за успехот на аврамскиот договор“, рече Помпео по разговорите со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан ал-Сауд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

