Контакт

Свет

Романски мигранти уапсени откако ограбиле шест француски цркви

Објавено пред

Двајца романски имигранти беа уапсени во Париз откако беа осомничени за серија кражби на цркви во градот и околните предградија, предизвикувајќи штета од најмалку 70 000 евра. Двајцата мигранти, на возраст од 29 и 41 години, биле приведени на 22 август откако се обиделе да продадат електрични кабли што ги украле од пункт за рециклирање метали и биле обвинети за серија црковни грабежи што се случија од април до август, пренесува „Лепоан“.

„До крајот на јуни се случија неколку грабежи во цркви во Париз, но и во Сена-Сен Дени и Сена-ет-Марн при што биле украдени предмети во вредност од најмалку 70 000 евра“, изјави извор близок до истрагата, коментирајќи го апсењето.

Една од кражбите се случила на 27 јуни во црква во 16. округ во Париз и при што сведок бил парохискиот свештеник. Крадецот оставил зад себе торба со злато и дијаманти кои биле земени од статуата на Богородица заедно со ракавици, хебла и шрафцигер. Црква во Орлеан била нападната од непознати вандали, делумно ја запалиле, ја вандализирале внатрешноста и испишале пораки со говор на омраза. Двајцата мигранти негираа вмешаност во кражбите.

Француските цркви во последниве неколку години биле цел на напади на крадци и на пиромани. Француските цркв беа нападнати и од левичарските активисти во Париз, кои заедно со голем број нелегални мигранти насилно влегле во базиликата Сен Дени, каде што се погребани француските кралеви. Минатата година француското Министерство за внатрешни работи објави дека бројот на зголемување антихристијански напади и на напади врз црквите се зголемил за 245 отсто .

 

 

Свет

Силно невреме ја погоди Кина, најмалку четворица загинати

Објавено пред

Најмалку четворица планинари загинаа во силно невреме кое предизвика поплави во Кина.

Група од 285 планинари од три туристички групи беа заробени кога почна силниот дожд, пренесува новинарската агенцијата „Шинхуа“.

Невремето резултира со поплави во гратчето Гаоху, каде што загинаа четворица од групата планинари.

Локалните власти почнаа спасувачки акции и сите преостанати планинари беа спасени.

„Над 530 спасувачи се испратени на задача во погодените области“, се вели во соопштението.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Човек уапсен во Париз откако го симнал знамето од зградата на францускиот парламент

Објавено пред

Еден човек е уапсен од жандармите во Париз откако се качил на ѕидот на зградата на Националното собрание и го отстранил тробојното знаме, пишува „Ле Паризиен“.

Според весникот, жандармите од Републиканската гарда забележале на камерите од обезбедувањето човек додека се качувал на ѕидот на Националното собрание за да го отстрани знамето. Кога крадецот слегол, бил уапсен и му било одземено знамето.

Крадецот бил 23-годишно пијано момче од 15. арондисмен во југозападниот дел на Париз и ѝ бил познат на полицијата како повеќекратен престапник.

Прикажи повеќе...

Свет

Осуммина цивили загинаа во воздужен напад во Авганистан

Објавено пред

Најмалку осуммина цивили загинаа во воздужен напад во Авганистан, пренесе полицијата и локални медиуми.

Портпаролот на полицијата, Шахпур Ахмадаи, вели дека вооружени сили на САД извршиле напад врз осомничената цел, сметајќи дека е Талибанска.

Тој не потврди колкав е бројот на жртви, но изјави дека се работи за цивили.

Подоцна, локален жител изјавил дека во нападот загинале осуммина цивили, а дека дел од нив се жени и деца.

Нападот се случил на помалку од 100 километри од главниот град на Авганистан, Кабул.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Жбогар е уверен дека законот за обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар, при денешната посета на Општина Новаци, изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за обвинителството со...

Македонија15 минути

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија2 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Свет2 часа

Помпео: Иран не уапсил агенти на ЦИА

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги отфрли тврдењата на Техеран дека се уапсени агенти на ЦИА во Иран и осудени...

Македонија3 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Економија4 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија5 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет7 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет7 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет7 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет8 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет8 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет8 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија19 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија20 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион22 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија1 ден

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Досие