Европа
Русите за првпат заробиле двајца американски борци во Украина

Двајца поранешни американски војници биле заробени за време на борбите со руските сили во Украина, објави британски „Телеграф“.
Ова е првпат американски борци да бидат заробени во Украина од почетокот на војната.
Александер Друеке (39) и Енди Хајн (27) биле заробени за време на жестока битка во близина на Харков минатата недела, велат нивни соборци.
За потсетување, судот на самопрогласената проруска Народна Република Донецк неодамна осуди на смрт двајца британски доброволци и еден Мароканец заробени во Мариупол.
Фаќањето на двајцата Американци во Украина ќе биде дипломатски чувствително, пишува „Телеграф“, бидејќи Кремљ би можел да се обиде да го искористи овој настан како доказ дека Америка е директно вклучена во војната. Владимир Путин, рускиот претседател, најверојатно ќе побара големи отстапки за да ги ослободи.
Еден соборец на двајцата заробени Американци, кој разговарал со „Телеграф“ под услов да остане анонимен, рекол дека тие биле заробени откако налетале на голема руска единица минатиот четврток.
„Бевме на мисија и одеднаш настана вистинска лудница. Имавме неточни информации. Ни кажаа дека градот е чист, а се покажа дека Русите веќе напаѓаат“, објаснил тој.
„Тие дојдоа по патот со два тенка Т-72 и повеќе оклопни возила и околу 100 војници. Сè што ние имавме таму беше нашата единица од околу десетина луѓе“, посочил изворот.
„Зазедовме одбранбена позиција, а Друеке и Хајн истрелаа ракета кон руско возило и го уништија. Ова, за жал, го привлече вниманието на еден од руските тенкови, кој испука граната во нивна насока“, посочил соборецот на заробените Американци.
Набргу потоа, тенкот бил онеспособен од противтенковска мина оставена од украинските борци на патот. Но, двајцата Американци потоа исчезнале и се верува дека се заробени од руски војници.
„Се сомневаме дека биле онесвестени или од противтенковската мина или од истрелот упатен од тенкот во нивна насока. Подоцна неколку пати ги баравме, но не ги најдовме“, изјавил нивниот соборец.
„Потоа подигнавме и дронови, но не најдовме ништо. Ако беа погодени од тенковската граната, ќе најдевме остатоци од нивните тела или опрема“, додал тој.
Сомнежите на Украинците подоцна беа потврдени кога на руски канал на „Телеграм“ се појави порака дека двајца Американци се заробени во близина на Харков.
„Би било преголема коинциденција тоа да беше случајно. Тие беа единствените Американци во оваа област“, вели нивниот соборец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Аеродромот во Амстердам откажа над сто летови поради снегот

Над сто летови од аеродромот Шипхол во Амстердам денеска се откажани поради снегот, пишува Ројтерс.
Околу пладне, веб-страницата на аеродромот во Амстердам покажа дека се откажани речиси 150 влезни и појдовни летови. Станува збор за европски летови.
Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот, изјави за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови во попладневните и вечерните часови.
Европа
(Видео) Напаѓач уби турист кај Ајфеловата кула и нападна уште двајца, извикал „Алах акбар“

Маж е убиен, а двајца повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека напаѓачот ги нападнал туристите околу Кеј де Гренел, недалеку од Ајфеловата кула. Уапсениот 26-годишен француски државјанин од претходно им бил познат на безбедносните служби.
Осомничениот се приближил до туристичката двојка и го избол германскиот државјанин до смрт, рече тој. Потоа нападнал уште две лица со чекан пред да биде запрен со пиштол за шокирање и уапсен. На повредените им била укажана брза помош.
French police arrest Islamic terrorist in Paris who killed one person and injured two shouting “Allah Akbar”. pic.twitter.com/B5xR1CbsNd
— RadioGenoa (@RadioGenoa) December 3, 2023
Дарманин рече дека напаѓачот извикал „Алаху Акбар“, што значи „Господ е голем“ на арапски, а подоцна на полицијата и рекол дека е вознемирен бидејќи „толку многу муслимани умираат во Авганистан и Палестина“.
Тој рече дека осомничениот бил осуден на четири години затвор во 2016 година за планирање посебен напад и бил баран од француските безбедносни служби. Познато е и дека мажот боледувал од психијатриски нарушувања, изјави Дарманин.
Terrorist attack in Paris with hammer and knife shouting “Allah Akbar”. One dead and two injured. pic.twitter.com/puhYBn5Kwj
— RadioGenoa (@RadioGenoa) December 2, 2023
Обвинителството за борба против тероризмот соопшти дека ја презело истрагата. Пишувајќи на X, поранешен Твитер, францускиот претседател Емануел Макрон изрази сочувство до сите погодени од „терористичкиот напад“ и им се заблагодари на службите за итни случаи за нивниот одговор. „Националното обвинителство за антитероризам ќе биде одговорно за расветлување на овој случај за да може правдата да биде задоволена во име на францускиот народ“, рече тој.
Европа
47-метарската кула на Болоња е затворена бидејќи може да се урне

Средновековната кула Гарисенда во италијанскиот град Болоња, која е наведната исто како и онаа во Пиза, е затворена поради страв дека може да се урне, јавува Би-би-си.
Властите почнаа да градат бариера висока пет метри околу кулата Гарисенда од 12 век за да ги задржи остатоците во случај кулата да падне. Кулата висока 47 метри се наведнува под агол од четири степени, а неодамна беа откриени поместувања во насока на навалувањето.
Градскиот совет на Болоња соопшти дека ситуацијата е „многу критична“.
Локацијата првпат беше затворена во октомври, откако сензорите открија промени во наклонот на Гарисенда, а инспекциите открија влошени материјали што ја сочинуваат нејзината основа и дека кулата е полна со пукнатини.
Советот започна, како што го нарече, план за цивилна заштита за зачувување на кулата. Се вели дека бариерата, покрај тоа што содржи остатоци, ќе ги заштити околните згради и луѓето во случај на уривање.
Се наведува дека околу кулата ќе бидат поставени и метални мрежи против карпи. Изградбата на бариерата ќе заврши на почетокот на следната година, додека кулата и плоштадот под неа се очекува да останат затворени неколку години додека се реновира.
Градот проценува дека само бариерата ќе чини 4,3 милиони евра и почна заедничка финансиска кампања за плаќање на реновирањето.
Проектот е наречен „извонреден предизвик“ кој ќе бара „посветеност на целиот град и на оние ширум светот кои ја сакаат Болоња и еден од нејзините најважни симболи“.