Европа
Русите планираат да регрутираат уште 400.000 војници, кои ќе се борат во Украина

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата поврзана со војната во Украина.
Руските медиуми, се вели во извештајот, сугерираат дека властите подготвуваат голема кампања за регрутирање, чија цел е да регрутираат дополнителни 400.000 војници.
Русија, се наведува, планира да регрутира доброволци или професионалци во таа кампања наместо да воведе задолжителна мобилизација.
Постои реална веројатност, тврдат британските разузнавачи, дека во пракса таа разлика ќе биде нејасна и регионалните власти ќе се обидат да го заменат нивниот стандарден број на регрути со принудување на мажите да ѝ се приклучат на армијата.
Руските власти, според британските разузнавачи, најверојатно, се одлучиле за т.н. волонтерски модел, со цел да се заменат загубите на работна сила и да се минимизира противењето на војната на домашен фронт.
Многу е неверојатно дека предвидената кампања ќе успее да привлече 400.000 вистински волонтери, според извештајот.
Но, обновата на руските воени капацитети и борбената моќ во Украина ќе бара повеќе од работна сила, се вели во извештајот.
На Русија ѝ треба повеќе муниција и опрема отколку што моментно располага, заклучуваат разузнавачките експерти.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 30 March 2023.
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/U2ty7b1e7h
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/QweoSriH6U
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 30, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Илјадници луѓе заглавени на руските аеродроми поради напади со дронови

Големи украински напади со беспилотни летала врз Русија резултираа со целосен хаос на главните аеродроми во Москва денес, при што илјадници патници чекаат во редови или спијат на подот од аеродромите откога летовите беа откажани или одложени, објавија руските медиуми.
Видеата објавени од руските медиуми покажаа луѓе како чекаат во редови или спијат на подот на „Шереметјево“, најпрометниот аеродром во Русија според бројот на патници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 117 беспилотни летала преку ноќ, вклучувајќи 30 над Московскиот Регион, откога претходниот ден беа соборени 172 беспилотни летала, вклучувајќи исто така 30 над Московскиот Регион.
Moscow region, Russia ❗
✈️❌ A real collapse has formed at Sheremetyevo Airport! Hundreds of people have been crowding the airport for a whole day. Due to drone attacks, dozens of flights have been postponed or completely canceled. This is already the second collapse of the… pic.twitter.com/m5EgND4ni9— LX (@LXSummer1) July 20, 2025
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ накратко воведе ограничувања за ноќните летови на главните московски аеродроми: „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“.
Неколку илјади луѓе беа блокирани на далечниот исток на Русија поради откажани летови во европскиот дел на Русија, а дополнителни возови беа пуштени во сообраќај за да им се овозможи на патниците да се вратат во Москва од северниот руски град Санкт Петербург, објавија руските медиуми.
Москва и околниот регион се дом на најмалку 21,5 милион луѓе.
Фото: принтскрин
Европа
Трагедија на Алпите: Британка загина за време на рафтинг

Британка загина во трагичен инцидент во француските Алпи додека била на рафтинг на реката Гуисан, во југоисточна Франција, откако паднала од сплав за време на спуштањето, изјави за АФП регионалниот обвинител Марион Лозакмер.
Британката била дел од организирана тура и паднала од чамецот на предизвикувачки дел од реката, објави локалниот весник „Ле Дофин“. Идентитетот на жената не е објавен.
Според извештаите на локалните медиуми, спасувачите ја пронашле на брегот на реката и таа била итно префрлена во блиската болница во критична состојба со хеликоптер.
И покрај напорите на лекарите, таа не можела да биде спасена. „Жртвата за жал почина“, потврди обвинителот Лозакмер.
Смртта на британскиот државјанин ја потврди и Министерството за надворешни работи на Велика Британија, кое соопшти дека е во контакт со француските власти.
Обвинителството започна истрага за сомнение за убиство од небрежност, а наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта, додаде Лозакмер.
Фото: принтскрин