Контакт

Свет

Русија ги укинува сите меѓународни летови

Објавено пред

Русија од петок ќе ги забрани редовните и чартер-летовите кон други земји, и обратно, како дел од напорите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Забраната стапува на сила в четврток на полноќ во Москва, со исклучок на летовите со кои Руси се враќаат од странство во својата татковина, се вели во уредбата објавена на веб-страницата на премиерот Михаил Мишустин.

Русија пријави повеќе од 650 случаи на коронавирус, од кои најголем дел се во Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, го предупреди претседателот Владимир Путин оваа недела дека бројот на случаи може да биде значително поголем.

Во телевизиско обраќање до нацијата, Путин ги советуваше Русите да останат дома и рече дека на работниците треба да им се дозволи да останат дома од понеделник до петок следната недела и оти тие денови ќе им бидат платени.

Русија воведе и строги мерки за карантин за секој што влегува во земјата од странство и за секој што бил во контакт со лица заразени со вирусот.

Свет

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Објавено пред

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која би можела да означи крај на пандемијата, објави Би-би-си.

Светската здравствена организација (СЗО) одобри тестирање на животни на две вакцини кои се развиени на Универзитетот Оксфорд и од американската компанија Inovio Pharmaceutical.

Австралиската национална научна агенција ќе процени дали вакцините се делотворни и дали се безбедни за луѓето.

Првото тестирање на вакцина против Ковид-19 почна во САД минатиот месец, но фазата на тестирање врз животни беше прескокната.

Моментно во светот постојат и други вакцини кои се во фаза на тестирање и кои се развиваат со исклучителна брзина.

Австралиската организација на Комонвелтот за научно и индустриско истражување ЦСИРО соопшти дека нејзиното тестирање ќе биде прво сеопфатно предклиничко испитување на вакцините над животни.

Истражувачите велат дека брзината и нивото на глобална соработка кои довеле до оваа фаза се без преседан.

„Вообичаено се потребни околу една до две години за да се дојде до овој момени, а ние го скративме периодот на неколку месеци“, рекол Роб Гренфел од ЦСИРО.

Во светот се развиваат уште 20 различни вакцини против Ковид-19, но овие две се во најнапредна фаза на тестирање досега.

Прикажи повеќе...

Свет

Новите проценки покажуваат дека 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Објавено пред

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирус биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25 проценти од носителите на вирусот се асимптоматски. Поради тоа водечките експерти за здравствени установи на САД ги преиспитуваат досегашните препораките за носење заштитни маски, јави Си-ен-ен.
        
„Информациите што ги имаме многу потврдуваат дека значителен број се заразени без никакви симптоми. Можеби и до 25 проценти“, вели директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Роберт Редфилд.
        
За да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата, водечките американски епидемиолози и инфектолози сега ги разгледуваат препораките за носење заштитни маски во светлината на новите откритија.
        
Главниот американски инфектолог Ентони Фаучи вели дека е скон на препораката населението да започне да носи маски за лице „ако тоа не создаде недостаток на маски за здравствените работници на кои им се потребни“.
       
„Сè уште не сме во таа фаза, но мислам дека сме близу до одлука“, вели Фаучи.
        
СЗО, како и повеќето европски земји, во моментов препорачуваат дека само болните и оние кои се грижат за болните треба да носат маски.Маските со филтер за честички помали од коронавирусот го спречуваат ширењето на вирусот и исто така го штитат носителот, додека стандардните хируршки маски, кога ги носат болни луѓе, ја штитат околината од вирусот што го носат.
        
„Ова е сосема нов вирус и ние само учиме за тоа. Со развојот на пандемијата, се појавуваат нови податоци”, посочуваат од СЗО.
        
Дел од европските земји како Австрија, Чешка, Бугарија и Словенија веќе започнаа да воведуваат обврска за носење маски за населението, мерка што ја препорачуваат азиските експерти и се спроведува нашироко на Далечниот исток. Експертите предупредуваат дека домашните маски не можат да се споредат, во однос на заштитата што ја обезбедуваат, со хируршки маски или оние со филтер, но тие имаат добра страна во однос на препораката да се избегнува допирање на носот и устата со рацете, заради физичката бариера што ја претставуваат.

Прикажи повеќе...

Свет

Во градот на Пабло Ескобар регистриран рекордно низок број на убиства поради коронавирусот

Објавено пред

Колумбискиот град Меделин, некогаш царство на наркокартелот на босот Пабло Ескобар, бележи рекордно ниска стапка на убиства во екот на борбата против коронавирусот.

Во март во градот биле убиени 18 луѓе, соопштија безбедносните служби. Вкупниот број на убиени од почетокот на годинава е 86, што претставува намалување за 44 проценти во однос на истиот период минатата година.

Градскиот службеник Хозе Герардо Ацеведо ја опиша бројката како историска.

„Не можеме да негираме дека карантинот има позитивни последици, вклучително и падот на криминалот“.

Локалните медиуми, вклучително и „Ел Еспектадор“, известуваат дека таква ниска стапка на убиства не е регистрирана во изминатите 40 години.

Ескобар го создал наркокартелот во Меделин во осумдесеттите години на минатиот век и се верува дека до смртта во 1993 година е одговорен за околу 6.000 убиства.

По неговата смрт, градоначалниците се борат против доминацијата на картелите во градот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет16 минути

Новите проценки покажуваат дека 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирус биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија50 минути

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени од еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирус наместо да биде во строга...

Македонија1 час

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање на пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број на пациенти којшто се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на...

Македонија1 час

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион2 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирус, со која...

Свет2 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија3 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет3 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава3 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет5 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија16 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија16 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија19 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија19 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија21 час

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија21 час

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија21 час

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија22 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија22 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Досие