Свет
Русија го забрани новиот „ајфон“ поради шпионирање

Руската разузнавачка служба неодамна објави дека откриле шпионска оперција со помош на паметните телефони „ајфон“. Според „Фајнаншл тајмс“, руските власти почнале да ја забрануваат употребата на уреди на „Епл“ од страна на државните службеници за службена употреба, пренесува интернет-страницата „Иновативност“.
Од понеделник Министерството за трговија на Русија ќе ја забрани употребата на „ајфон“ за вршење работни обврски. Другите агенции, вклучувајќи ги и Министерството за телекомуникации и масовните медиуми на Русија, веќе имаат слични налози или планираат набргу да почнат со нивно спроведување. Според извештајот на „Тајмс“, забраната се однесува на сите производи на „Епл“. Меѓутоа, во некои случаи раководните лица може да продолжат да ги користат уредите за лични потреби под услов на нив да не отвораат службена кореспонденција.
По руската инвазија во Украина во март минатата година, компанијата го прекина пристапот до „Епл пеј“. Подоцна ја стопира продажбата на сите производи во Русија. Тогаш „Епл“ јасно истакна дека одлуката е донесена како одговор на инвазијата и дека ги подджрува сите луѓе погодени од овие настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски назначи нов командант на копнените сили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи Генадиј Шаповалов за нов командант на Копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука.
Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија.
Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“.
Шаповалов го заменува Михаило Драпатиј на функцијата врховен командант на Копнените сили, кој поднесе оставка овој месец поради смртоносен напад на полигон за обука во југоисточна Украина.
Зеленски го премести Драпатиј на функцијата командант на здружените сили како дел од воената реконструкција.
Свет
Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели, објави Белата куќа

Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука за евентуален напад врз Иран во следните две недели.
Во разговор со новинарите денес, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, се осврна на пораката од самиот Трамп во која се вели:
„Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност преговорите да се случат или да не се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да одам или не во следните две недели.“
Ливит додаде дека „кореспонденцијата со Иран продолжува“.
Свет
Шефот на СЗО го осуди нападот врз болницата: Ужасно

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) ги осуди нападите врз здравствените установи во услови на зголемени тензии меѓу Иран и Израел.
„Извештаите за напади врз здравствената заштита досега се ужасни“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус во објава на социјалните медиуми.
The escalation of hostilities between #Israel and #Iran is putting health facilities and access to health care at risk. The reports on the attacks on health so far are appalling.
This morning's attack on Soroka Medical Center in Israel — the only major hospital in the south –… pic.twitter.com/nNJsVQ2Jxf
— Tedros Adhanom Ghebreyesus (@DrTedros) June 19, 2025
Тој предупреди за утринскиот напад врз Медицинскиот центар Сорока во Израел, како и за извештаите за смртта на работник на иранската Црвена полумесечина во Техеран.
„Ги повикуваме сите страни да ги заштитат здравствените установи, здравствените работници и пациентите во секое време. Најдобриот лек е мирот“, напиша тој.