Свет
Русија распоредува чувари во училиштата, кои ќе ги предупредуваат учениците да не одат на протести
Русија сака да распореди чувари во училиштата по протестите против затворањето на опизиционерот Алексеј Навални за да се осигури дека учениците повеќе нема да одат на тие протести, објави вчера весникот „Комерсант“.
Специјално обучен персонал треба да разговара со младите на нивниот јазик за незаконските собири. Руските власти со денови се обидуваат да ги потиснат протестите на секој можен начин за поддршка на Навални.
Училиштата сега се под зголемен надзор бидејќи многу демонстранти се млади. Според активистите за човекови права, само минатата недела уапсени се 205 малолетници во целата земја. Министерот за образование, Сергеј Кравцов, не сака да ја остави оваа едукативна работа само на наставниците. Овие инструктори в година треба да почнат со работа во целата земја. Следните неколку месеци тие ќе работат во 10 региони за што ќе добиваат дополнителни 160 евра месечно.
Кремљ се обидува да ги достигне младите генерации кои се информираат преку социјалните мрежи наместо преку медиуми контролирани од државата. Навални (44) како ниеден друг политичар во Русија се потпира на интернет и доаѓа на државната телевизија само кога ќе се појави на суд.
Веќе се одржаа два големи протеста во целата земја со барање за ослободување на Навални и изразување спротивставување на политиката на претседателот Владимир Путин.
Многу руски училишта дури издадоа и предупредувања за протест за време на часовите, но се чини дека ова го даде спротивниот ефект: родителите во Москва објавија дека ова е првпат нивните деца да слушнат за Навални – и дека тие сега уште повеќе се заинтересирани за него.
Рускиот суд вчера ја преиначи условната казна во затвор од 3 години и 6 месеци за Навални. Како одговор на овој потег се очекуваат нови протести.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

