Свет
Русија се закани дека ќе го употреби својот нуклеарен потенцијал на секаков ракетен напад
Русија ќе го употреби својот нуклеарен потенцијал во случај на каков било ракетен напад на своја територија, се наведува во соопштението на Генералштабот на вооружените сили на Русија.
Во извештајот со наслов „За основите на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарните воздржувања“ се наведува дека секоја ракета ќе биде идентификувана како нуклеарна бидејќи не постои можност порано да се одреди дали се работи за нуклеарна ракета или некој друг вид.
Претставници на Генералштабот велат дека во таква ситуација ќе се смета дека целта на противникот е уништување на Русија.
Авторите на текстот објаснуваат дека Русија означила црвени линии, кои никој не би требало да ги премине.
„Русија ги означи црвените линии, кои никому не му советуваме да ги премине. Ако потенцијалниот противник се одлучи на тоа, одговорот без сомнение ќе биде разорувачки. Притоа воено-политичкото раководство на Русија ќе одреди каков ќе биде одговорот во зависност од ситуацијата“, рекол началникот на управата на главната оператива на Генералштабот на вооружените сили на Русија, генерал-мајор Андреј Стерлин.
Според информациите, субјектите на нуклеарно воздржување се поделени во две групи. Првата група ја сочинуваат земјите што поседуваат нуклеарно или друго оружје за масовно уништување и кои сметаат дека Русија е потенцијален противник.
Другата група ја чинат земји што ја даваат својата територија на располагање на стратешки офанзивни вооружувања, средства за стратешки ПРО, нуклеарни оружја и друго оружје за масовно уништување на други земји, што може да биде употребливо против Русија и нејзините сојузници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

