Европа
Русија ќе гради сопствена вселенска станица
Руската вселенска агенција соопшти дека сака да формира своја вселенска станица до 2025 година, по најавите дека Москва има намера да се повлече од Меѓународната вселенска станица (ISS).
Шефот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, објави дека почнала изградбата на првиот модул на новата станица, откако официјални лица предупредија дека Русија размислува да ја напушти ISS, едно од ретките подрачја на соработка меѓу Москва и западните земји. Објавата доаѓа во време на тензии во врска со обвинувања за шпионажа, групирање на сè поголем број руски и западни трупи на границите на Украина, нови санкции на Вашингтон кон Москва и влошена здравствена состојба на Алексеј Навални, главниот критичар на политиките на претседателот Владимир Путин.
„Се работи на првиот модул од новата руска орбитална станица“, рече Рогозин. Тој кажа дека руската корпорација „Енергија“ планира модулот да биде подготвен за лансирање во 2025 година.
Започната во 1998 година, Меѓународната вселеснска станица е еден од најамбициозните проекти за човечка соработка во историјата. Во неа се вклучени Русија, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција.
Рускиот вицепремиер Јуриј Борисов неодамна изјави дека Москва размислува да ја напушти ISS од 2025 година поради застареноста на станицата. „Роскосмос“, пак, вчера објави дека одлука за напуштање на станицата сè уште не е донесена.
„Откако ќе донесеме одлука, ќе почнеме преговори со нашите партнери за формите и условите за соработка по 2024 година“, соопшти руската агенција.
Минатата година Русите го загубија монополот за испраќање астронаути на ISS од космодромот во Бајконур, Казахстан, по првата успешна мисија на американската компанија „Спејс Екс“.
Русија има славна историја на истражување на вселената, а овој месец ја одбележа 60-годишнината од првиот вселенски лет на Јуриј Гагарин.
Сепак, вселенската програма на земјата се соочува со тешкотии во последните неколку години. Рогозин објави голем број амбициозни планови, но неговата агенција сè потешко се справува со намалувањата во буџетот, а аналитичарите велат дека Путин е повеќе заинтересиран за воена технологија отколку за истражувања на вселената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

