Свет
Русија ѝ возврати на ЕУ поради санкциите за случајот на Навални
Во пресрет на антируските санкции на Европската Унија за случајот со блогерот Алексеј Навални, Русија донесе одлука за проширување на списокот на претставници на ЕУ на кои им е забранет влез во Русија, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува ТАСС.
Руското МНР го отфрли како неприфатливо воведувањето нелегални ограничувачки мерки иницирани од водечките земји членки на ЕУ против голем број Руси под изговор за нивна наводна вмешаност во случајот со Навални.
„Земјите што ја иницираа оваа мерка не презентираа докази ниту пред руските власти игнорирајќи ги континуираните барања испратени до нив ниту пред сопствените партнери во ЕУ. Под превезот на тајност, Советот на ЕУ донесе избрзана конфронтирачка политичка одлука спротивна на меѓународните правни прерогативи на Советот за безбедност на ОН и на хелсиншките принципи за немешање во внатрешните работи, за соработка меѓу државите и за ревносно почитување на обврските преземени според меѓународното право. Конкретните имиња беа избрани произволно за да одговараат на одлуката на Советот на ЕУ за која станува збор“, соопшти Министерството.
„Во врска со гореспоменатото и во согласност со принципот на возвратни мерки, донесена е одлука за проширување на списокот на претставници на земјите од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија. Лицата од списокот се одговорни за засилување на антируските санкции во ЕУ“, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи.
На шфовите на германската, француската и на шведската дипломатска мисија им беа врачени соодветните вербални ноти. Таква нота беше испратена и до Канцеларијата на мисијата на ЕУ во Москва.
„Потврдуваме дека непријателските чекори на западните земји ќе продолжат да повлекуваат соодветен одговор“, велат од руското МНР.
На 15 октомври ЕУ ги вклучи во списокот санкциите поврзани со случајот со Навални директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников, првиот заменик-началник на претседателскиот кабинет, Сергеј Киријенко, шефот на Дирекцијата за внатрешна политика на претседателскиот кабинет, Андреј Јарин, заменик-министрите за одбрана, Алексеј Криворучко и Павел Попов, и претседателскиот претставник во Сојузниот округ на Сибир, Сергеј Менјаило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови снежни врнежи ја парализираа Словенија: 35.000 корисници без струја, делови од Марибор и без вода
Поради обилните снежни врнежи, околу 35.000 потрошувачи на подрачјето на Марибор и повеќе од 6.000 на подрачјето на Цеље останаа без електрична енергија.
Мокри и лизгави патишта, завеани тротоари и соборени дрвја предизвикуваат проблеми од Словенске Коњице до Марибор, Птуј и Горња Радгона. Екипите на компанијата „Електро Марибор“ се на терен.
Патиштата се мокри и лизгави и во Штајерска, а возачите пријавуваат бројни делници каде што водата се задржува на коловозот. Сообраќајот се одвива побавно од вообичаено, а потребна е зголемена внимателност, пренесе „Б92“.
Надлежните ги предупредуваат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да го зголемат безбедносното растојание и да тргнуваат на пат само ако тоа е неопходно. Поради најавените ниски температури постои можност за појава на голомразица, особено на изложените делови од патиштата и мостовите.
Најголеми проблеми предизвикува прекинот на електричната енергија. На поширокото подрачје од Словенске Коњице кон Марибор, Птуј и Горња Радгона дел од дистрибутивната мрежа е во прекин. Според податоците на компанијата „Електро Марибор“, без напојување се околу 35.000 корисници.
Од компанијата соопштија дека сите расположливи екипи се на терен. Проблемите пред сè ги предизвикува тежината на влажниот снег, поради што се кршат гранки и паѓаат дрвја кои ги оштетуваат далекуводите. Интервенциите се сложени, бидејќи екипите мора да работат внимателно, а пристапот до одредени локации на дефекти е отежнат поради временските услови.
Корисниците се замолуваат за разбирање и трпение. Обновата на снабдувањето со електрична енергија ќе се одвива постепено, во зависност од сложеноста на поединечните интервенции.
Според информациите, дел од Марибор останал и без вода. Причината, наводно, е прекин на електричната енергија во Камница, поради што пумпната станица „Врбански плато“ не работи.
Свет
Иран со предупредување дека американските воени средства ќе бидат „легитимна цел“, доколку САД ги спроведат воените закани
Иран предупреди дека американските бази, објекти и воени средства ќе бидат „легитимни цели“ доколку САД ги спроведат своите воени закани и напади.
Амир Саид Иравани, амбасадорот на Иран во Обединетите нации, ги изрази овие закани во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност, според АФП.
Според написите, претседателот Доналд Трамп распореди воени бродови, борбени авиони и друга воена опрема на Блискиот Исток, додека се обидува да го спречи Иран да изгради нуклеарна бомба, нешто што Техеран го негира.
Во писмото, како што наведува медиумот, се цитира објавата на Трамп на социјалните мрежи кога тој рече дека САД можеби ќе мора да користат британски воени бази, вклучително и една на остров во Индискиот Океан, „доколку Иран одлучи да не склучи договор“.
Свет
Орбан: Украинците го дигнаа во воздух „Северен тек“, а сега го затворија и нафтоводот „Дружба“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украинците се одговорни за моменталното затворање на нафтоводот „Дружба“, нарекувајќи го „непријателски чин“ против Унгарија.
„Оние што го дигнаа во воздух Северен тек сега го затворија нафтоводот „Дружба“: Украинците“, рече Орбан на прес-конференција во Вашингтон, по инаугуративниот состанок на Комитетот за мир.
Тој додаде дека, според Договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, украинските дејствија не смеат да ја загрозат енергетската безбедност на која било земја-членка на ЕУ.
Орбан нагласи дека Брисел мора да застане на страната на Унгарија и Словачка, членки на ЕУ, и да ја заштити нивната енергетска безбедност, објави МТИ.
Унгарскиот премиер изјави дека иако Северен тек претходно беше уништен во нападот, „Дружба“ сега е оневозможена, така што Украина „одржува монопол врз снабдувањето со нафта и гас за Европа“.
Според него, обидите на Украина да предизвика хаос во снабдувањето со енергија претставуваат тероризам спонзориран од државата.
Орбан истакна дека Унгарија има право да се потпира на алтернативни патишта, вклучително и снабдување преку Јадранскиот гасовод, и дека владата ќе преземе контрамерки за да обезбеди снабдување со енергија до априлските избори.
Меѓу мерките е координацијата со Словачка и одржувањето на снабдувањето со бензин и нафта по претходните цени, како и евентуално блокирање на снабдувањето на Украина преку унгарска територија.
„Не се закануваме и не би сакал да брзам, но значителна количина украинска електрична енергија тече и низ Унгарија“, рече Орбан.
Тој додаде дека додека војната во Украина продолжува, нормализацијата на украинско-унгарските односи не е можна, но нагласи дека мирот останува клуч за идните билатерални односи, пренесува Танјуг.

