Контакт

Свет

Руската војска будно го следи американскиот разурнувач вооружен со крстосувачки ракети во Црното Море

Објавено пред

Американскиот разурнувач „Портер“ вооружен со крстосувачки ракети вплови во Црното Море, неговото движење го следат силите на руската Црноморска флота, соопшти рускиот национален центар за управување со одбраната.

„Црноморската флота почна да ги следи дејствијата на разурнувачот со крстосувачки ракети „Портер“ на морнарицата на Соединетите Американски Држави, кој навлезе во водите на Црното Море на 30 октомври 2021 година“, соопшти Центарот пренесоа руските агенции.

Претходно американската морнарица објави дека седиштето на Шестата флота на американската морнарица и ударните поморски сили и силите за поддршка на НАТО започнуваат со операции во Црното и Средоземното Море.

Седиштето на Шестата американска флота се наоѓа во италијанскиот град Неапол, од каде е организиран целиот спектар на поморски операции.

Според агенциите, Русија постојано го привлекувала вниманието со фактот дека силите на НАТО се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во Црното Море.

Европа

Во Виена може да работат борделите, но не и рестораните

Објавено пред

Во Виена, која се одлучи за внимателно и постепено укинување на заклучувањето, критичарите предупредуваат на бројни нелогичности во одлуката за завршување на локдаунот.

Така, борделите можат повторно да почнат со работа на 13 декември, а угостителството мора да почека уште една недела плус – до 20 декември.

Претседателката на Здружението на хотелиери на Австрија, Михаела Рајтерер, ја оцени како погрешна одлуката на виенските власти угостителството и хотелите да останат под клуч уште една недела.

И лидерот на Партијата на слободата на Австрија (ФПО) во Виена, Доминик Неп, не може да разбере зашто борделите можат да ги отворат вратите една недела пред угостителите.

Со одлука на виенските власти од 13 декември повторно ќе бидат отворени продавниците, но и услужните дејности во кои, според властите, се вклучени и борделите.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина го одобри првиот лек против кoрoната

Објавено пред

Кина го одобри првиот лек за луѓето со Ковид-19, две години откако болеста првпат беше откриена на нејзина почва, од каде што се прошири во пандемија.

За разлика од вакцината, која има превентивно дејство, лекот, кој доби зелено светло од кинеските служби, ги спречува заболените од Ковид-19 да развијат тешки компликации.

Таа азиска земја, која првпат го дијагностицираше вирусот САРС-КоВ-2 во центарот на Вухан кон крајот на 2019 година, успеа речиси да ја искорени болеста со примена на многу радикални мерки како што се строго затворање на границите, строги контроли на движењето и мерки за затворање.

Кинеските власти досега не одобрија ниту една вакцина освен оние произведени од домашни научници и велат дека повеќе од 70 отсто од населението е вакцинирано.

Сепак, земјата се соочи со нови локални жаришта во последните месеци, но тие бројки се ниски и неспоредливи со дневниот број на заразени во странство.

Националната агенција за лекови објави дека „итно одобрила“ кинески лек против ковид-19 базиран на моноклонални антитела.

Моноклоналните антитела се врзуваат за протеинот на коронавирус и на тој начин ја намалуваат неговата способност да навлезе во човечките моноцити.

Според Универзитетот Цингхуа, клиничките испитувања покажаа дека третманот може да ги намали хоспитализирањата и заканата од смрт кај подложни пациенти за 80 проценти.

Локалните медиуми јавуваат дека лекот бил даден на луѓе кои неодамна се разболеле кога се појавиле нови соеви на Ковид-19.

Кина во четвртокот објави дека има 83 заразени низ целата земја.

Во Кина се користат неколку вакцини развиени од тамошните научници, но нивната ефикасност е помала од вакцините развиени во странство.

Светската научна организација (СЗО) одобри две кинески вакцини, производителите Синовак и Синофарм.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија: Дипломатскиот бојкот на ЗОИ во Пекинг е бесмислен

Објавено пред

Шефот на Олимпискиот комитет на Русија денеска изјави дека неговата земја не го поддржува дипломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг во 2022 година, за кој одлучија некои од западните земји, осудувајќи го потегот како бесмислен.

„Од спортска гледна точка, овие мерки се апсолутно бесмислени“, изјави за новинарите Станислав Поздњаков, претседател на рускиот олимписки комитет, пренесува Ројтерс.

„Овие мерки имаат исклучиво политички карактер. Навистина се надеваме дека нема да фрлат сенка врз Игрите“, додаде шефот на рускиот олимписки комитет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Запленета дрога вредна 600.000 евра, пресечен канал за шверц од Косово

Во координирана акција на полицијата, во текот на вчерашниот ден (8 декември) бил пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога...

Македонија2 часа

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз

Со караница помеѓу обвинетиот Бојан Јовановски и судијката Софче Гаврилова-Ефремова заврши рочиштето за Меѓународниот сојуз Јовановски побара нејзино изземање од...

Свет2 часа

Од компанијата „Фајзер“ со најава: Можеби ќе биде потребна четврта доза за заштита од омикрон-сојот

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ велат дека две дози од нивната вакцина не обезбедуваат силна заштита од омикрон-сојот, па затоа...

Свет4 часа

Бајден: Дали да испратам војска во Украина доколку Русите нападнат – тоа не е опција

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да нареди испраќање американски војници во Украина како одговор на можна руска инвазија....

Европа5 часа

(Видео) Tепачка во турскиот парламент

Синоќешната расправа за буџетот во турскиот парламент завршила со тепачка меѓу пратениците, јавуваат медиумите во регионот. Имено, додека се расправало...

Свет6 часа

Aкутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022, предвидува Бил Гејтс

Акутната фаза на пандемијата на коронавирусот ќе заврши во 2022 година, предвиде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на својот блог,...

Македонија21 час

Бектеши: Цената на струјата нема да поскапи повеќе од 10%

Поскапувањето на струјата нема да биде повеќе од 10%, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. „Согласно сите проекции, зголемување...

Македонија22 часа

419 новозаразени и 14 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања,...

Свет24 часа

Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест...

Европа1 ден

Олаф Шолц официјално избран за канцелар на Германија

Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за наследник на Ангела Меркел како канцелар на Германија. Лидерот на Социјалдемократската партија (СПД),...

Свет1 ден

Швајцарија одобри капсула за евтаназија: Смртта настапува за помалку од една минута

Еутаназијата е поддржана легално во Швајцарија, а оние што ја сакаат ќе имаат на располагање нов метод. Капсулите Сарко го...

Европа1 ден

Рации во Германија поради трговија со работници од Балканот – има уапсени и запленет имот

Германските полицајци и цариници денеска спроведоа десетици рации ширум земјата со цел да ја потиснат наводната трговија со привремени работници...

Свет1 ден

(Видео) Јапонски милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

Свет1 ден

Објавена фотогафија од омикрон со помош на електронски микроскоп

Универзитетот во Хонг Конг објави фотографија од новиот сој на коронавирусот, омикрон, добиена со помош на електронски микроскоп. Омикрон првпат...

Свет1 ден

(Видео) Во Индија се урна хеликоптер во кој бил шефот за безбедност и неговата сопруга

Индиски воен хеликоптер утрово се урна во Тамил Хад. Според светските медиуми, во авионот бил и шефот на индискиот безбедносен...

Свет1 ден

Во разговорот на Путин и Бајден покрај сериозни теми имало и шеги

Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и...

Европа2 дена

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа2 дена

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија2 дена

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа2 дена

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Досие