Свет
Рускиот авион со 29 патници паднал во морето – пронајдено е местото
Идентификувано е местото на падот на рускиот авион „ан-26“, кој летал од Петропавловск-Камчатски кон населбата Палана и со кој врската е изгубена пред слетувањето.
Се претпоставува дека авионот паднал во морето, изјави претставникот на службата за итни случаи за агенцијата, пренесе „РИА новости“.
#URGENT | Russian An-26 plane with 27 people aboard goes missing in Kamchatka https://t.co/fju4EUtQqV#SputnikUrgent
— Sputnik (@SputnikInt) July 6, 2021
Сите расположиви спасувачки единици од регионот, хеликоптери и армијата веднаш се испратени на местото на падот. Исто така, подморница на руската морнарица се упати кон местото на несреќата.
На местото на настанот времето било лошо, облачно и магливо.
Според Обвинителството, на летот меѓу Петропавловск-Камчатски и Палана имало 29 лица – 23 патници и шест члена на екипажот. Исчезнатиот „ан-26“ е произведен 1982 година, а неговиот сертификат истекувал на 30 август годинава.
Според службите за итни случаи, авионот бил технички исправен пред полетувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

