Европа
Рускиот опозиционер Навални пуштен од притвор

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, денеска беше ослободен по 20 дена минати во притвор.
Навални беше уапсен под обвинение за организирање на нелегален протест во септември, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Опозиционерот беше во притвор од 24. септември, кога истече неговиот претходен 30-дневен притвор поради планираните демонстрации во јануари што владата не ги одобри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Невреме во Франција – едно лице загина, а петмина се повредени

Едно лице почина, а петмина се повредени на југозападот од Франција заради силните ветрови што на атлантското крајбрежје дуваа со јачина од 140 километри на час, јавија француските медиуми.
Околу 400.000 домови останаа без електрична енергија, соопштија локалните власти.
Како што се наведува, животот го загубил 70-годишен возач на автомобил кој налетал на урнато стебло на патот, објавија пожарникарите.
Ветрот туркал стебла врз возила на патиштата, при што пет други лица биле повредени, од кои двајца се наоѓале во тешка сосотјба, пренесе каналот Њуз Азија.
Силните ветрови го кренале покривот на едно училиште, но оттаму нема информаци за повредени.
Портокалова узбуна е прогласена во 23 департмани од југозападот и северот на земјата, како и на Алпите и на Корзика, главно заради силните ветрови и поплавите.
И на Медитеранот се забележани силни ветрови кои создадоа прекин во електричната енергија на брегот.
На кратко во прекин беше железничкиот и поморскиот сообраќај, а имаше и одложување на авионски летови.
На Алпите, француската метеоролошка служба предупреди на опасност од лавини.
Европа
Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на Шкотска.
Тој рече дека мора да се почитува резултатот од претходното изјаснување на граѓаните во 2014 година.
Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен вчера изјави дека сега е време земјата да одлучи за својата иднина и дека нејзината администрација следната недела ќе ги отвори правните процедури за распишување референдум за независност.
Европа
Силен ветер ја погоди југозападна Франција, без струја останаа 220 илјади домови

Најмалку 220.000 домови денеска останаа без електрична енергија во југозападна Франција кога силен ветер со брзина и до 140 километри на час предизвика големи проблеми, но без посериозни штети.
Според првичните податоци на итните служби, четири лица се повредени кога дрвја паднале врз нивните возила, од кои три полесно во Нова Аквитанија.
Дождот и ветрот во текот на ноќта достигнале кулминација на атлантскиот брег со јачина од 143 километри на час во местото Милау.
За време на најлошиот дел од ноќта, 400.000 домови останале без струја, соопшти компанијата за дистрибуција на електрична енергија „Енедис“.
Од 14 департмани на југозападот од земјата, кои вчера прогласија портокалов аларм, тој и натаму е во сила во осум од нив, главно поради ветер и излевање на реките, соопштија службите.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија4 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми