Свет
Рускиот пилот кој украл воен хеликоптер и пребегнал во Украина е убиен во Шпанија

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека Максим Кузминов, руски пилот на хеликоптер кој пребегнал во Украина, е убиен денеска во Шпанија, објави „Украинска правда“.
Тој наводно бил застрелан.
Весникот „Киев Индипендент“ објави дека Кузминов се најде на насловните страници во украинските медиуми откако приземји хеликоптер Ми-8 во Украина и им се предаде на властите.
Андриј Јусов, портпарол на воената разузнавачка служба на Украина, подоцна изјави дека Кузминов подоцна добил исплата од 500.000 долари како награда за бегството со хеликоптер.
Тој рече дека самиот контактирал со украинската страна и дека му било кажано дека ќе добие безбедносни гаранции за него и неговото семејство, дека ќе добие пари и нови документи од Украина доколку пребегне.
Кузминов рече дека неговите родители ги одобриле неговите планови да пребега и му се придружиле во Украина.
Повикувајќи се на извори од украинската воена разузнавачка служба, „Украинска правда“ наведува дека Кузминов одлучил да се пресели во Шпанија, но бил пронајден мртов во стан таму.
Во близина е пронајден изгорениот автомобил за кој се претпоставува дека го користел убиениот.
Јусов ја потврдил неговата смрт за повеќе украински медиуми, но не дал дополнителни детали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Јордан го затвора воздушниот простор по израелските напади врз Иран

Јордан привремено го затвора својот воздушен простор како превентивна мерка, по израелските напади врз Иран.
„Оваа превентивна мерка е преземена поради на воената ескалација во регионот“, објави Јорданската регулаторна комисија за цивилно воздухопловство (CARC), објави CNN.
Главниот комесар на CARC, Хајтам Мисто, рече дека одлуката е во согласност со меѓународните стандарди за цивилно воздухопловство и обврските за безбедност на летот, и дека привременото затворање ќе биде континуирано оценувано и преиспитувано.
И Израел и Иран привремено го затворија својот воздушен простор. Веб-страницата за следење на летови Flightradar24 покажува дека небото над двете земји било практично празно рано наутро во петок по локално време.
Израелската армија денес објави дека во текот на ноќта започнала напади врз неколку места во Иран, како и дека целите на нападите биле, меѓу другото, цели поврзани со нуклеарната програма.
Портпаролот на израелската војска денес изјави дека Иран лансирал повеќе од 100 беспилотни летала кон Израел во последните неколку часа, откако земјата вети одмазда за израелските напади, објави Sky News.
Свет
Израелската војска тврди дека Иран имал конкретен план да го уништи Израел

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека Иран има „конкретен план за уништување на Израел“, кој, според израелски извори, бил наречен „План за уништување на Израел“.
Во соопштението се вели дека Иран, покрај напорите за развој на нуклеарно оружје, произведува десетици илјади ракети и беспилотни летала и подготвува „комбиниран копнен напад на повеќе фронтови истовремено“.
Израелските одбранбени сили тврдат дека анализата на огромните количини разузнавачки информации што ги собрале открила координација меѓу иранскиот режим и лидерите на Хамас и Хезболах, со цел вооружување на тие групи.
„Државата Израел немаше избор“, се вели во соопштението, додавајќи: „Израелските одбранбени сили се должни да дејствуваат во одбрана на израелските граѓани и ќе продолжат да го прават тоа“.
Израел изврши голем воздушен напад врз повеќе цели во Иран како дел од операцијата Rising Lion.
Свет
Авион на Ер Индија изврши принудно слетување по закана за бомба

Авион на Ер Индија што леташе од Пукет, Тајланд до индискиот главен град Њу Делхи, денес доби закана за бомба и изврши принудно слетување во Тајланд, соопштија властите на аеродромот во Пукет.
Патниците беа евакуирани од летот AI 379, во согласност со плановите за вонредни ситуации, соопшти официјален претставник на аеродромите на Тајланд.
Во авионот имало 156 патници, а заканата за бомба била примена во авионот, се вели во соопштението.
Авионот полетал од аеродромот Пукет кон индискиот главен град во 9:30 часот наутро во петокот, но направил широк круг над Андаманското Море и слетал назад на тајландскиот остров.