Свет
Руските хакери „Фенси берс“ ја хакирале украинската фирма на синот на Џо Бајден
Руски воени хакери во ноември се обиделе да ја пробијат електронската пошта на украинската енергетска компанија во чија управа беше Хантер Бајден, син на демократот Џо Бајден, соопшти американската компанија за сајбер безбедност „Ерија 1“, пренесува Би-би-си.
Компанијата „Буризма холдингс лтд.“ беше во фокусот на обидите на американскиот претседател Доналд Трамп лани во јули да изврши притисок на украинските власти да спроведат истрага за Бајден поради наводна корупција.
Претседателот Трамп во декември се соочи со гласање недоверба поради обвиненијата дека незаконски вршел притисок врз лидерот на Украина, Владимир Зеленски, да почне истрага за „Буризма“ и нејзините врски со Бајденови.
Компанијата за сајбер безбедност „Ерија 1″ го идентификувала хакерскиот напад и го поврзала со рускиот главен военоразузнавачки директорат (ГРУ). Не се знае што точно сакале да украдат хакерите.
Како што се наведува, истата хакерска група, позната под името „Фенси берс” (Fancy Bears) го хакирала Демократскиот национален комитет во 2016 година во рамките на она што американските истражители го означија како операција за нарушување на американските претседателски избори.
„Можете да видите дека тој напад навистина почнува паралелно со она што го видовме во 2016 година“, изјави извршниот директор на „Ерија 1″ Орен Фалковиц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

