Свет
Руски политичар е сигурен дека нема да има војна меѓу САД и Иран во блиска иднина
Иран и САД успеаја да го прекинат кругот на меѓусебни обвинувања за агресија, но нема да има војна меѓу овие земји во блиска иднина, напиша претседателот на Комитетот за надворешни работи при Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, на „Фејсбук“.
„Нема да има војна меѓу САД и Иран во блиска иднина, ниту во нуклеарна, ниту во конвенционална, ниту во хибридна верзија. Противниците успеаја да застанат на работ на бездната прекинувајќи го кругот на меѓусебни обвинувања за агресија. Најважно е дека страните на некој начин ги ресетираа барањата кога секоја од страните се сметаше за победник и секоја од нив го задржуваше правото да го има последниот збор и ги најави своите последователни дејства само како принуден и сразмерен одговор на постапките на непријателот“, истакна Косачев.
Според него, почнува нова игра – кој прв ќе трепне – што е подобра од нови воздушни напади и напади врз амбасадите.
„Посебен дел од оваа игра е нуклеарниот договор, во кој Вашингтон ќе се обиде да внесе нов живот под свои услови како ништо да не се случило. Сепак, Техеран сега сигурно нема да се откаже од своите услови под ниедни околности“, истакна Косачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos

