Свет
Руски претставник: Трамп ги решава проблемите
Дел од руската делегација во Ријад е и Кирил Дмитриев, шеф на рускиот државен инвестициски фонд.
Говорејќи пред новинарите пред разговорите, тој рече дека Москва ги гледа американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим како „решачи на проблеми“.
„Тие веќе решија голем број големи предизвици многу брзо, многу ефикасно и многу успешно“, додаде Дмитриев, според новинската агенција Ројтерс.
Покрај главните преговори, предвидено е Дмитриев да се сретне и со американски претставници на економски разговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Инфлуенсерка исчезна во Грац: во Словенија уапсени нејзиното момче, неговиот очув и брат
32-годишната инфлуенсерка Стефани Пипер од Грац е исчезната. Откако нејзиното повремено момче беше уапсено во Словенија, полицијата приведе уште двајца членови на неговото семејство, брат и очув. Стравувањата од најлошиот исход во случајот што ја потресе Австрија се зголемуваат, пишува Krone.
Добро познатата инфлуенсерка е исчезната од недела наутро. Откако се вратила од божиќна забава околу 7 часот, таа испратила порака до пријателка дека безбедно пристигнала дома. Подоцна истиот ден, во раните попладневни часови, требало да се појави на фотосесија во центарот на Грац, но не се појавила. Нејзиното исчезнување било пријавено во полицијата вечерта.
Настаните се одвивале со филмска брзина по пријавата. Во понеделник вечерта, во граничната област меѓу Штаерска и Словенија, уапсен е нејзиниот 31-годишен дечко Петер М., со кого била во повремена врска со години. Сомневањата се зголемиле кога неговиот црвен „голф“ бил пронајден изгорен на паркингот на казиното Монд покрај граничниот премин Шпилје.

Истражителите веруваат дека тој се обидувал да го прикрие злосторството, но исчезнатата жена сè уште ја нема. Осомничениот од Словенија моментално е во притвор во неговата матична земја, а вчера беше донесена одлука за негова можна екстрадиција. Словенечките власти вчера ја претресоа куќата на неговата баба, а исто така ги претресоа и шумите во пограничната област.
Уследи дополнителен шок кога портпаролот на канцеларијата на државниот обвинител во Грац, Арнулф Румполд, потврди дека се уапсени уште двајца мажи. Братот и очувот на поранешното момче се исто така осомничени дека се поврзани со исчезнувањето на младата жена.
Во меѓувреме, сосед на 32-годишната жена потврди дека го видел момчето на осомничената на скалите од нејзината зграда во Грац околу времето на нејзиното исчезнување, зголемувајќи ја можноста дека тој ја чекал таму во заседа. Истрагата е во тек.
фото: принтскрин
Свет
Украина може да банкротира по Нова година – ЕУ бара итно „план Б“
Украина би можела да остане без пари во првите месеци од 2026 година ако пропадне договорот за користење на замрзнатиот руски имот за финансирање на Киев.
Планот за „репарациски заем“ од 140 милијарди евра е блокиран од белгискиот премиер Барт де Вевер, бидејќи најголемиот дел од средствата се наоѓаат во Белгија, која стравува од правни последици и одмазда од Москва, пишува „Политико“.
ЕУ сега работи на план Б – привремен заем финансиран преку заедничко задолжување на Унијата, кој би ѝ овозможил на Украина да преживее неколку месеци додека се финализира поголемиот репарациски заем. Идејата ја поддржуваат повеќе европски дипломати. Украина би го вратила овој привремен заем откако ќе ги добие средствата од долгорочниот механизам.
Дипломатите сметаат дека новата мировна иницијатива на Доналд Трамп може да помогне за притисок и поддршка на планот – особено затоа што Русија би ги добила назад средствата само ако плати воена оштета, што е малку веројатно.
Европската комисија веќе подготвува правен текст, а Урсула фон дер Лајен порача дека европските даночни обврзници нема да го сносат товарот.
Најголема пречка за е што потребна е едногласна поддршка на сите 27 земји, а Унгарија и понатаму се противи ново финансирање на Украина. Можно решение е заемот да се претстави како поддршка за обнова, а не за воена помош.
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека во следните денови ќе биде финализирано решение за да се обезбедат средства за Украина, која предупредува дека веќе на почетокот од следната година останува без пари.
Регион
Нема да биде екстрадиран: Ацо Боцевски 28 години по убиството живее во Грција и издава соби
Солунскиот жалбен совет одлучи да не го екстрадира во Македонија 60-годишниот Ацо Боцевски, познат под прекарот Циганот, осуден на повеќегодишна затворска казна за убиство што го извршил пред 28 години во земјава, по што побегнал во Грција, јавуваат грчките медиуми.
Тој беше притворен и уапсен во Катерини во мај, по европска потерница. Судските власти од Македонија бараа негова екстрадиција за да отслужи 15-годишна затворска казна за убиство од ноември 1997 година врз 37-годишниот Сеат Ибраими.
Злосторството било извршено среде бел ден во центарот на Скопје. На убиството му претходела кратка автомобилска брканица низ скопските улици, по што Ибраими, возејќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“ на улицата 11 Октомври. Боцевски, застанал зад него, излегол од возилото, и го застрелал Ибраими со повеќе истрели.
„Тој самиот, преку своите адвокати, изјави дека во тоа време служел во личната гарда на тогашниот претседател на земјата, Киро Глигоров, и тврдеше дека бил цел на напад од политички причини“, пишува Ин.гр.
Според неговите тврдења, тој бил затворен 90 дена, а потоа ослободен, по што побегнал со пасош и се населил трајно во Грција.
„Водам бизнис со соби за издавање во Пиерија“, рекол тој, меѓу другото, кога бил повикан да се појави пред Одборот за жалби, за време на расправата.
Оценувајќи дека казната застарила поради истекот на 20 години, според грчкото кривично право, судиите на Советот го отфрлиле барањето за негова екстрадиција во Македонија.

