Свет
Руте: Разговорите во Москва се клучен чекор кон завршување на украинскиот конфликт
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека разговорите одржани во Москва меѓу специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и рускиот претседател, Владимир Путин, биле важен чекор во напорите за наоѓање решение за конфликтот во Украина. Како што објавија западните медиуми, Руте нагласи дека ќе има следни чекори, но не сакаше да ја открие нивната содржина.
„Тесно се координираме со Американците, но не коментираме за секој потег“, рече генералниот секретар.
Изјавата на Руте доаѓа во сенка на континуираните дипломатски напори откога доцна синоќа во Кремљ завршија часови разговори меѓу Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп и тимот на Путин. На состанокот присуствуваше и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, како и специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, пренесуваат медиумите.
Според написите, иако разговорите беа оценети како продуктивни, страните ниту овој пат не успеаја да постигнат компромис за американскиот мировен план. Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, потврди дека „територијалното прашање останува главна пречка“, што се совпаѓа со изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ги идентификув териториите како клучна точка на спор во мировните преговори.
Дипломатските напори, и покрај застојот, продолжуваат, а во меѓународните кругови растат очекувањата дека претстојните чекори ќе донесат поголем напредок во потрагата по одржливо решение за украинската криза.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Земјотрес од 4,9 степени во Мексико
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
JUST IN: 4.9 magnitude earthquake struck Guerrero, Mexico, tremors felt across multiple cities pic.twitter.com/zTJzvWx0LC
— Rapid Report (@RapidReport2025) January 16, 2026
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ потресот бил почувствуван силно, креветите се нишале, а луѓето се буделе, бидејќи земјотресот се случил кратко пред 1 часот наутро по локално време.
Свет
Автобус удри во зграда во центарот на Сеул
Патнички автобус удри во зграда во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални извори.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, во инцидентот се повредени 11 лица, а двајца од повредените се во тешка состојба и се префрлени во болница.
Телевизиските снимки од местото на настанот покажаа голем автобус, а предниот дел заглавен во стаклената фасада на зграда. Се чини дека возилото поминало низ широк дел од пешачката зона пред да удри во зградата.
Полицијата соопшти дека во овој момент нема индикации дека возачот бил под дејство на алкохол, но дека планираат да спроведат тест за дрога додека трае истрагата за причината за несреќата.
Фото: ЕПА
Свет
Прекинот на интернетот во Иран трае веќе втора недела
Прекинот на интернетот во Иран влезе во втората недела, а според организацијата „Нет блокс“, режимот го блокирал пристапот до мрежата повеќе од 180 часа.
Иако можноста за повици во странство беше обновена претходно оваа недела, интернет услугите сè уште се недостапни.
Ваквата ситуација го отежнува, иако не и целосно невозможно, добивањето информации, слики и видеа од земјата во реално време. Во исто време, им помага на властите во Техеран во обидот да го контролираат наративот за протестите и немирите.
Фото: depositphotos

