Контакт

Свет

САД воведоа санкции кон Русија и протераа 10 руски дипломати

Објавено пред

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции кон Русија, кои опфатија повеќе од 30 лица и компании и одлучија да протераат 10 руски дипломати.

Причината за воведување нови санкции, како што тврди Вашингтон, е мешањето на Москва во американските избори во 2020 година и сајбер-нападот за кој американската влада ја обвинува Русија, пренесуваат агенциите.

Нападот врз софтверот на компанијата „Солар виндоус“ им овозможи на хакерите пристап до илјадници компании и владини агенции што го користат тој софтвер.

Регион

Во Србија првпат по шест месеци помалку од 1.000 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Денес, првпат од ноември минатата година, во Србија се потврдени помалку од илјада новоинфицирани со коронавирус, објавија здравствените власти.

Во последните 24 часа направени се 9.389 тестови, а потврдени се 834 случаи, што не се случило од 2 ноември 2020 година, кога имало 802.

Починале 19 лица, а вкупниот број на смртни случаи се искачи на 6.558.

Во болница има 3.827 ковид – пациенти, од кои 137 се на апарати за дишење, објави српското Министерство за здравство.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Објавено пред

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“.

Тој откри дека ја има оваа состојба, што е форма на аутизам, објаснувајќи дека има потешкотии да ги натера луѓето да веруваат дека мисли на она што го зборува.

„ Одлично е да се биде домаќин на „Saturday Night Live“, и навистина го мислам тоа. Понекогаш откако ќе кажам нешто, морам да кажам дека го мислам тоа“ рече во својот воведен говор 49-годишниот извршен директор на компанијата „Тесла“, основачот на „СпејсИкс“ (SpaceX) и еден од најбогатите луѓе во светот.

Тој, како образложение, додаде дека е првиот човек на Аспергер што ја водел емисијата: „Или барем првиот што го призна тоа“ се пошегува Маск.

Се смета дека е првпат бизнисменот јавно да каже дека има состојба на аутистичен спектар.

Познато е дека на луѓето со Аспергеров синдром може да им биде потешко особено разбирањето и однесувањето на другите луѓе и да учествуваат во секојдневното – семејство, училиште, работа и социјален живот“.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Германија од денеска вакцинираните се ослободуваат од мерките

Објавено пред

Денес во Германија стапи на сила одредбата според која оние што се заразиле со вирусот се изземени од некои мерки за борба против пандемијата.

За вакцинираните и за оние што го прележале вирусот повеќе не важат ограничувања на контакти во приватниот сектор. За нив не важи ни забараната за ноќно движење, воведена во области со седумдневна инциденца над 100.

Оние кои биле вакцинирани и оние кои биле заразени со коронавирус, исто така, нема да бидат во карантин по враќањето од странство. Исклучок се оние кои се враќаат од областа со т.н. вирусни варијанти.

Тие исто така се ослободени од обврската за тестирање во услужни активности за кои е потребен тест, како што се некои продавници или фризерски салони. Истото ќе важи и за терасите на угостителските објекти кога ќе се објави отворањето.

Другите мерки, како што се носење маски или одржување на далечина, остануваат во сила и за оваа група.

Оние кои биле вакцинирани најмалку две недели се сметаат за целосно вакцинирани.

Според Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох, луѓето кои ги примиле и двете дози на вакцина, имаат помала веројатност да заразат други отколку оние кои прават нов негативен тест за коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет3 часа

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион4 часа

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ5 часа

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија5 часа

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија5 часа

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија6 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет6 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија7 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет8 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет20 часа

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион21 час

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт23 часа

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ1 ден

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија1 ден

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија1 ден

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ1 ден

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија1 ден

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет1 ден

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Досие