Контакт

Свет

САД го запреа производството на вакцината на „Астра зенека” во Балтимор

Објавено пред

Американската влада затвори фабрика во Балтимор која уништи 15 милиони дози вакцини на „Џонсон и Џонсон“ поради грешка и мешање на компоненти во производствениот погон во кој се прави и препаратот за „астра зенека” , пренесува Ројтерс.

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ во своето соопштение наведува дека ја презема целосната одговорност за мешање на компонентите на вакцините во Фабриката.

Не е познато кој ќе го преземе управувањето со фабриката, а американска фармацевтска компанија не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

„Њујорк пост“ објави дека „Астра зенека“ во изјавата рече дека ќе работи со администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за да се најде алтернативно место за производство на оксфордската вакцина.

Потегот на министерството за здравство на САД ќе и овозможи на „Емерџент Бајосолушнс“ да прави само од вакцината „Џононсон и Џонсон“ за да се избегне ново потенцијално мешање на компонентите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Јавниот обвинител на Аризона ја тужи администрацијата на Бајден за политиките за миграција

Објавено пред

Јавниот обвинител на Аризона, Марк Брнович ја тужи администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, велејќи дека сака да ја принуди да продолжи со изградба на ѕидот на јужната граница на САД и да ја врати политиката на администрацијата Трамп „Остани во Мексико“, пренесува „Њујорк пост“.

Во тужбата се тврди дека политиката за миграција на администрацијата на Бајден е во спротивност со Националниот закон за заштита на животната средина поради нелегални мигранти кои расфрлаат отпад на границата и затоа што зголемувањето на населението ќе доведе до „ослободување на загадувачи, јаглерод диоксид и други стакленички гасови во атмосферата, што директно влијае на квалитетот на воздухот “.

„Мислам дека е императив да сториме сè што можеме за да се обидеме да се справиме со кризата на нашата граница, затоа ги користам алатките што ги имам во моето поле“, вели тој.

Брнович вели дека демократите користеле слични тактики во минатото за да запрат изградба на автопати, проширување на аеродроми итн.

Тексас и Мисури исто така ја тужат администрацијата на Бајден, оспорувајќи ја нејзината имиграциска политика, велејќи дека има пораст на криминалот во нивните држави поради враќањето на политиката „Остани во Мексико“.

Бајден, непосредно по стапувањето на должноста, прекина многу од имиграциските мерки на Трамп, вклучувајќи ја изградбата на ѕидот на границата со Мексико. Администрацијата на Трамп успеа да изгради 400 милји челична ѕидна конструкција и покрај долгите судски битки и противењето на Конгресот.

Минатата недела податоците на ЦПБ покажаа дека бројот на приведувања на границата со САД пораснал за повеќе од 70 отсто во март. Забележаните 172.331 мигрантски приведувања претставуваат највисок месечен број во повеќе од две децении, а администрацијата на Бајден е на пат да го надмине претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година со над 977.000 приведувања. Бајден и другите претставници на администрацијата тврдат дека бранот е сезонски.

Трамп мораше да прогласи вонредна состојба во февруари за да обезбеди средства за изградба на ѕид на границата со Мексико откако масовните мигрантски каравани од земјите од Централна Америка кои бараат азил почнаа да се движат кон САД преку Мексико есента 2018 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Иран: Збогатувањето ураниум до 60% е одговор на израелскиот нуклеарен тероризам

Објавено пред

Иран очекува следната недела да произведе ураниум збогатен до 60 отсто, изјави амбасадорот на Иран и постојан претставник во меѓународните организации во Виена, Казем Гарибабади, пренесува ТАСС.

„Збогатувањето УФ6 [ураниум хексафлуорид] до 60 отсто ќе се изведе во две каскади на центрифугите ИР-4 и ИР-6 во Натанц. Модификацијата на процесот штотуку почна и очекуваме готов производ следната недела”, напиша Гарибабади на „Твитер“ во вторникот.

Според него, ова значително ќе го подобри квалитетот и квантитетот на радиофармацевтските производи.

Иранскиот претседател Хасан Рухани во средата рече дека подигањето на нивото на збогатување на ураниум до 60 отсто е одговор на израелскиот нуклеарен тероризам.

„Она што вие го сторивте беше нуклеарен тероризам. Она што ние го правиме е легално”, рече Рухани на состанокот на владиниот кабинет.

Според иранскиот претседател, има и такви кои се обиделе да ги „испразнат“ рацете на Иран за време на разговорите во Виена во врска со Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА) од 2015 година, но посочи дека „рацете на Иран се полни“.

„Збогатувањето до 60 отсто е одговор на вашата злоба. Ние ви ги исековме двете раце, едната со центрифуги ИР-6 и другата со збогатување до 60 отсто“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ договори итна испорака на 50 милиони вакцини на „Фајзер“

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во средата објави дека е постигнат договор со „Бионтек/Фајзер“ за испорака на 50 милиони дози вакцина во вториот квартал и најави почеток на преговори за трет договор за купување 1,8 милијарда дози од производителот во текот на следните две години.

„Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со ‘Бионтек/Фајзер’ за забрзување на испораката на 50 милиони вакцини, кои ќе бидат доставени во вториот квартал наместо во четвртиот“, рече Фон дер Лаен.

Таа додаде дека испораката на тие 50 милиони дози вакцина ќе почне во текот на месецот. Со забрзувањето на испораката „Бионтек/Фајзер“ ќе испорача вкупно 250 милиони дози вакцина во вториот квартал. Овие 50 милиони дози ќе бидат дистрибуирани до земјите членки пропорционално на населението.

Фон дер Лаен потврди дека Комисијата во иднина ќе се потпре на вакцините засновани на информациската РНК, нова технологија, која ја докажа својата вредност.

„Сега влегуваме во преговори со ‘Бионтек/Фајзер’ за трет договор. Тој договор предвидува набавка на 1,8 милијарда дози за периодот 2021-2023 година“, рече претседателката на Комисијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија2 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија3 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија4 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Европа4 часа

Данска трајно ја прекинува вакцинацијата со „aстра зенека“

Данска целосно ќе престане да ја користи вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 поради можна причинско-последична поврзаност помеѓу таа вакцина...

Македонија5 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија7 часа

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија7 часа

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион7 часа

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа8 часа

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ8 часа

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија10 часа

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа11 час

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Македонија21 час

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија22 часа

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија1 ден

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија1 ден

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија1 ден

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија1 ден

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа1 ден

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Досие