Свет
САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата на ирански беспилотни летала во војната против Украина, изјавија двајца американски претставници.
Според нив, санкциите ќе ја погодат Кина поради, како што тврди Вашингтон, нелегален риболов на Пацификот, додека расте загриженоста за евентуалниот кинески прекумерен риболов и проширувањето на кинеското влијание на море.
Повеќето од санкциите, објавени од Wall Street Journal, ќе бидат наметнати според таканаречениот глобален Magnitsky Act од 2016 година, кој ѝ дозволува на американската влада да воведе санкции за странски владини претставници за кои се смета дека ги кршат човековите права, замрзнувајќи ги нивните средства и забрана за влез во САД.
Соединетите Американски Држави го осудија извозот на ирански воени беспилотни летала во Русија, која ги користи во својата војна против Украина, а санкциите се очекува да погодат некои вклучени во руската воена индустрија и поврзани со снабдувањето со ирански беспилотни летала за Русија, изјавија официјални лица, пренесе Индекс.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина објави нова проценка за руските загуби

Украина објави нови податоци за руските загуби од почетокот на инвазијата минатата година до денеска.
Според нив досега се убиени 125 510 руски војници, 800 во последните 24 часа.
Орієнтовні втрати окупантів за минулу добу склали:
800 вбитими
7 танків
4 бойові броньовані машини
8 артсистем
1 РСЗВ
1 літак
1 вертоліт
Слава Захисникам України!🇺🇦 pic.twitter.com/jabn12Bs1s— Оперативний ЗСУ (@operativno_ZSU) January 28, 2023
Свет
Повторно пукање во Ерусалим, има повредени

Најмалку две лица се повредени во пукање во археолошкиот локалитет Давидов град во Ерусалим, Израел.
Како што наведоа од полицијата, напаѓачот бил неутрализиран.
Престрелката се случува за помалку од 24 часа по терористичкиот напад на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим, во која загинаа седум лица.
Регион
Дачиќ: ЗСО останува главната точка на сите наши договори за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) останува главната точка на сите договори за Косово и дека таа мора да биде формирана според договорените принципи.
„Во бриселскиот договор од 2013 година јасно пишува што е ЗСО, уште подетално е регулирано во договорот од 2015 година, а ние го потпишавме затоа што е добро за нашата заедница на Косово“, изјави Дачиќ за „Политика. “.
„Договорот не е идеален, но во услови во кои го преговаравме е максимумот што можевме да го постигнеме“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека овие договори се круна на учеството на Србија во дијалогот со посредство на Европската Унија, која самата се обврза да ги спроведе потпишаните.
Според неговото мислење, никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници за нивно уништување.