Свет
САД сакаат разговори со Русија, но не за Украина
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека деновиве има намера да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Блинкен рече дека за време на разговорите ќе се осврне на договорот за пченицата, како и можноста за ослободување на приведените американски државјани во Русија. Тој додаде дека нема да преговара со Лавров за Украина.
По неколкумесечна внатрешна дебата, администрацијата на Бајден понуди размена на Виктор Бут, осуден руски трговец со оружје кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД, како дел од потенцијалниот договор за да се обезбеди ослободување на двајцата Американци кои ги држи Русија, Бритнеи Гринер и Пол Вилан, според луѓето информирани за ова прашање.
Тие извори изјавија за Си-ен-ен дека планот за размена на Бут за Вилан и Гринер ја добил поддршката од претседателот Џо Бајден, откако бил дискутиран претходно оваа година. Поддршката на Бајден за размената го надминува противењето на Министерството за правда, кое генерално е против трговијата со затвореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos
Свет
Иран ги затвори училиштата
Сите образовни установи во Иран ќе бидат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави новинската агенција Тасним.
Портпаролот на Министерството за образование изјавил дека мерката е воведена како одговор на „воената агресија на ционистичкиот режим со поддршка од САД“.
Одлуката ќе важи до крајот на персиската календарска година, односно до 21 март.
Фото: Depositphotos

