Свет
САД сакаат разговори со Русија, но не за Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека деновиве има намера да разговара со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Блинкен рече дека за време на разговорите ќе се осврне на договорот за пченицата, како и можноста за ослободување на приведените американски државјани во Русија. Тој додаде дека нема да преговара со Лавров за Украина.
По неколкумесечна внатрешна дебата, администрацијата на Бајден понуди размена на Виктор Бут, осуден руски трговец со оружје кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД, како дел од потенцијалниот договор за да се обезбеди ослободување на двајцата Американци кои ги држи Русија, Бритнеи Гринер и Пол Вилан, според луѓето информирани за ова прашање.
Тие извори изјавија за Си-ен-ен дека планот за размена на Бут за Вилан и Гринер ја добил поддршката од претседателот Џо Бајден, откако бил дискутиран претходно оваа година. Поддршката на Бајден за размената го надминува противењето на Министерството за правда, кое генерално е против трговијата со затвореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Затворени три популарни плажи на грчкиот остров Тасос

Поради високите температури во Грција и ризикот од пожари, затворени се трите најпопуларни плажи на Тасос. Грчките власти воведоа посебни мерки за заштита на локалното население и туристите.
Пристапот е забранет на најпопуларните плажи – Порто Вати, Мермерна и Парадајс, а ограничен е и сообраќајот на одредени патишта. На туристите им се советува и да не одат во селата во внатрешноста на островот, како што се Теологос, Касавити, Кастро, Мариес. Исто така, се советува во наредните денови населението и туристите да изберат некои полесно достапни плажи.
„ Поради сушата и силните ветрови, ризикот од пожар е многу висок, особено во јужна Грција. Оваа состојба ќе трае неколку дена“, предупреди грчкото биро за метеорологија.
Српски туристи кои моментално се на Тасос на социјалните мрежи велат дека на плажите има пожарникари и дека никој не може да помине.
„ Денеска отидовме на Мермер Бич и не вратија назад, пожарникарите го затворија патот и нема излез“, напишаа Србите на социјалните мрежи.
Свет
Лидерот на Крим: Едно лице загина во експлозиите во близина на руската воена база

Прорускиот лидер на анектираниот украински полуостров Крим Сергеј Аксјонов изјави дека едно лице загинало како последица на експлозиите во близина на руската воена воздухопловна база.
Локалните власти соопштија и дека во експлозиите се повредени пет лица.
Очевидци изјавија за Ројтерс дека околу 15:20 часот по локално време одекнале најмалку 12 експлозии од правец на воздушната база Саки на руската армија во близина на Новофјодорвка, на западниот брег на Крим. Последната експлозија била најгласна.
Руското Министерство за одбрана тврди дека биле активирани неколку магацини со воздухопловна муниција, но не кажа што ги предизвикало експлозиите. Москва, за разлика од проруските власти на Крим, тврди дека во експлозиите нема повредени.
Свет
Ердоган и Асад ќе разговараат првпат по десет години, со помош на Путин

Претседателите на Турција и Сирија, Реџеп Таип Ердоган и Башар Асад, на предлог на рускиот претседател Владимир Путин, ќе можат да разговараат телефонски првпат по 10 години, пишува провладиниот весник „Туркије“, повикувајќи се на неименувани извори.
„ Претседателот Ердоган, кој неодамна го посети Сочи, размени мислења со рускиот лидер Путин за Сирија. Одговарајќи на прашања на новинарите на враќање од Русија, Ердоган рече дека, и покрај присуството на терористички структури на границата со Сирија, Путин предложил: „ Ако повеќе сакате да ги решавате проблемите заедно со режимот што е можно повеќе, би било многу подобро“.
Весникот, познат по својата блискост со владините кругови, пишува дека рускиот лидер ги поканил двете страни на разговор.
Сепак, Анкара, наводно, соопштила дека е „прерано“ за таков состанок. Но, беше посочено дека може да има телефонски разговор меѓу Ердоган и Асад.
Во преговарачкото движење меѓу Турција и Сирија почна да се формира комисија од експерти кои добро го познаваат регионот.