Свет
САД со ултиматум до Русија: Имате 60 дена да му се вратите на договорот за нуклеарно оружје

САД ѝ дадoа на Русија рок од 60 дена да се усогласи со договорот од 1987 година во врска со нуклеарното оружје со среден дострел (INF), заканувајќи се дека Вашингтон ќе ги суспендира обврските кои произлегуваат од документ, доколку Русија не го стори тоа што се бара од неа.
„САД сметаат дека Русија ги прекрши одредбите од овој договор и ние ќе ги суспендираме нашите обврски од истиот во рок од 60 дена, доколку Русија не го почитува својот дел“, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео, по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.
НАТО ја поддржа изјавата на Вашингтон, велејќи дека Русија прави значајни прекршоци на ИНФ, кои, пак, руската страна ги негира.
Алијансата објави дека зачувувањето на договорот сега зависи од одговорноста на Русија.
Трамп во октомври соопшти дека САД имаат намера да се повлечат од ИНФ-договорот тврдејќи дека Русија не се придржува до документот – договор за отстранување на нуклеарни проектили со краток и среден дострел.
Русија веднаш се закани со контрамерки. Ако САД развиваат нуклеарно оружје со среден дострел, тогаш ние ќе мора да воспоставиме некаква рамнотежа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој планот на Трамп за повлекување од договорот го нарече загрижувачки и нагласи дека таквите чекори можат да го направат светот многу поопасен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.