Свет
САД спречија два танкера со иранска нафта за Венецуела
Американската администрација успеа да спречи два танкера кои пренесувале иранска нафта кон Венецуела, објави „Фокс њуз“.
Според наводите на тој медиум, во прашање се танкери во сопствеништво на Грција, кои пловат под либериско знаме.
Одлуката да се откаже застанувањето во венецуелското пристаниште дошла кога американски претставници се заканиле со остри санкции, јавува „Фокс њуз“ повикувајќи се на извори од Стејт департментот.
Првите од најавените пет танкери впловија во венецуелското пристаниште во неделата по што владата на Николас Мадуро објави дека уште два брода ја пробиле американската блокада иако морнарицата на САД соопшти дека нема на сила да ја спречи испораката.
Американците протестираа поради извозот на иранска нафта на Венецуела бидејќи двете држави се опфатени со казнени мерки што ги воведе администрацијата на Трамп.
Каракас и Техеран остро ги предупредија САД дека ќе одговорат на каков било обид за спречување на танкерите да ја истоварат нафтата во Венецуела. Администрацијата на Трамп и ривалот на Мадуро, Хуан Гваидо, тврдат дека нафтата е платена со крваво злато.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

