Свет
САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

Соединетите Држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе ѝ овозможи да се брани од беспилотни летала и да ја зајакне својата противвоздушна одбрана, се вели во документот што го видел „Ројтерс“ во четвртокот.
Вестите за помошта би можеле да бидат објавени уште в петок, но деталите за опремата за противдрон и противвоздушна одбрана сè уште не се познати.
Според документот, се очекува Пентагон да вклучи проектили за системот HIMARS од Локхид Мартин, муниција од 155 милиметри, воени возила Хамви и генератори. Портпаролот на Советот за национална безбедност одби да го коментира пакетот помош. Обемот и вредноста на пакетот помош може да се менуваат додека не биде потпишан од претседателот.
Износот од 275 милиони долари ќе биде покриен со претседателските овластувања кои им дозволуваат на САД да ја префрлат одбранбената опрема од залихите без одобрение од Конгресот во итен случај.
Целта на руските ракетни напади во Украина е делумно да се исцрпат резервите на украинската воздушна одбрана и да се добие доминација во воздушниот простор над таа земја, изјави висок функционер на Пентагон во ноември.
Со цел да одговорат на овие напади, САД испратија во Украина софистицирани противвоздушни системи НАСАМС, кои функционираат веќе неколку недели.
Претставничкиот дом на САД во четвртокот изгласа да обезбеди најмалку 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина во текот на следната година, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повторно пукање во Ерусалим, има повредени

Најмалку две лица се повредени во пукање во археолошкиот локалитет Давидов град во Ерусалим, Израел.
Како што наведоа од полицијата, напаѓачот бил неутрализиран.
Престрелката се случува за помалку од 24 часа по терористичкиот напад на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим, во која загинаа седум лица.
Регион
Дачиќ: ЗСО останува главната точка на сите наши договори за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) останува главната точка на сите договори за Косово и дека таа мора да биде формирана според договорените принципи.
„Во бриселскиот договор од 2013 година јасно пишува што е ЗСО, уште подетално е регулирано во договорот од 2015 година, а ние го потпишавме затоа што е добро за нашата заедница на Косово“, изјави Дачиќ за „Политика. “.
„Договорот не е идеален, но во услови во кои го преговаравме е максимумот што можевме да го постигнеме“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека овие договори се круна на учеството на Србија во дијалогот со посредство на Европската Унија, која самата се обврза да ги спроведе потпишаните.
Според неговото мислење, никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници за нивно уништување.
Свет
Се урнаа два воени авиони во Индија

Два индиски воени авиони се урнаа денеска во близина на Морена, во индиската држава Мадја Прадеш, соопштија воени претставници.
Наредена е истрага за да се утврдат причините.
Двајцата пилоти се катапултирале и се здобиле со полесни повреди, пренесува „Индија тудеј“