Свет
Сателитски снимки го покажуваат размерот на катастрофата во Украина: водата проголта цели градови, куќи, паркови
Компанијата Maxar Technologies објави сателитски фотографии од село во јужниот регион Херсон, направени пред и по уништувањето на браната и поплавите како резултат на тоа.
Горната фотографија го прикажува селото Корсунка, направена со сателит на 15 мај, а долната фотографија е направена вчера откога селото било поплавено.

На фотографијата подолу е прикажана споредба на фотографии од домови и фарми во селото Корсунка на 15 мај и вчера по поплавата предизвикана од уништувањето на браната „Нова Каховка“.
1/ Damage to the #Kakhovka Hydroelectric Power Plant (KHPP) dam in the early hours of June 6 caused massive flooding of the #Dnipro River delta, river wetlands, estuaries, and shoreline settlements in #Kherson Oblast.
Our latest: https://t.co/GZRLSWO9ig pic.twitter.com/tyiHqiJD0k
— ISW (@TheStudyofWar) June 7, 2023
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека добил сериозна и моќна понуда од лидерите на западните земји за испраќање борбени авиони „Ф16“ во Киев. Тој додаде дека чека конечен договор со клучните сојузници.
„Нашите партнери знаат колку авиони ни се потребни“, рече Зеленски.
Киев сега чека конечен договор со своите сојузници, вклучително и „заеднички договор со САД“, рече Зеленски. Сè уште не е јасно кои сојузници на Киев се подготвени да испратат западни авиони во Украина.
Околу 42.000 луѓе се во опасност од поплави од двете страни на реката Днепар по вчерашното уништување на браната „Нова Каховка“, соопштија денеска украинските власти предупредувајќи дека врвот на водниот бран ќе следува денеска.
Вчера, шефот на агенцијата за помош на ОН, Мартин Грифитс, му соопшти на Советот за безбедност дека уништувањето на браната ќе има „тешки и далекосежни последици за илјадници луѓе на југот на Украина од двете страни на линијата на фронтот, кои ќе ги загубат домовите, храната, водата за пиење и средствата за живот“.
„Вистинските размери на оваа катастрофа ќе станат појасни дури во наредните денови“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале
Синоќа околу 21:45 часот, на автопатот А3 Брегана-Загреб-Липовац, во близина на Новска, се случила сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, а уште две се тешко повредени. Како што вчера потврди полицијата за Индекс, несреќата се случила на јужната лента од автопатот А3, во близина на градот Рајиќ.
Тројца неидентификувани мажи и една жена, како пешаци, трчале преку патот кога биле удрени од два автомобила.
Двајца пешаци загинаа на местото на настанот, додека еден пешак и еден пешак беа префрлени во Општата болница Нова Градишка, каде што им беа укажани лекарски прегледи поради тешки повреди. Во инцидентот, еден патник во еден од автомобилите се здобил со полесни повреди. Телата на мажите беа пренесени во Општата болница во Сисак каде што ќе бидат извршени обдукции.
Истрагата на местото на настанот ја водеше заменик-окружниот државен обвинител при Канцеларијата на државниот обвинител на округот Сисак во соработка со полициски службеници од Полициската управа Сисак-Мославина.
Свет
Пожар во рафинерија за нафта во Хавана
Пожар вчера избувна во рафинеријата за нафта „Нико Лопез“ во Хавана, што ќе ја влоши кризата со гориво во Куба, предизвикана од ембаргото на САД.
Најголемата рафинерија е сместена во пристаништето во Хавана, каде пред два дена пристигнаа два мексикански бродови со повеќе од 800 тони хуманитарна помош.
Сè уште е непознато дали огнот ги зафатил резервоарите за складирање на нафта.
Куба уште од 1962 година е под американско ембарго, поради што земјата е во економска криза, а се соочува со прекини во снабдувањето со електрична енергија, недостиг на гориво, лекови и храна. Ситуација се вложи откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе фи стопира сите испораки на нафта за Куба и ќе воведе царини за секоја држава која ќе испорача нафта за Хавана.
Со приведувањето на поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга од страна на американските сили, Куба го изгуби најважниот сојузник и најголемиот извор на нафта. Повеќе недели на Куба не пристигнал ниту еден танкер со нафта.
Поради кризата со гориво затворени се универзитети, училиштата работат со скратено време, редуциран е јавниот транспорт и е ограничена продажбата на гориво. Исто така и болниците работат со намален персонал.
Трамп минатиот месец изјави дека Куба се движи кон пропаст и ја повика Хавана да склучи договор „пред да биде предоцна“. Тој сака промена на кубанскиот режим.
Обединети нации синоќа изразија загриженост поради кризата на Куба.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.

