Свет
Светска метеоролошка организација: Ова е црвен аларм за светот
Минатата година беа срушени сите глобални климатски рекорди, предупреди Светската метеоролошка организација, изразувајќи особена загриженост поради затоплувањето на океаните и топењето на морскиот мраз.
Во својот годишен извештај за состојбата на глобалната клима, СМО истакна дека просечните температури го достигнале највисокото ниво во последните 174 години мерење – 1,45 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.
Температурите на океаните беа највисоки во последните 65 години, а повеќе од 90 отсто од морето доживеа топлотен бран, според СМО.
„СМО прогласува црвен аларм за светот“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Селесте Сауло, која ја презеде функцијата во јануари.
„Она што го доживеавме во 2023 година, особено невиденото затоплување на океаните, повлекувањето на глечерите и губењето на морскиот мраз на Антарктикот, е причина за особена загриженост“.
Климатските промени, предизвикани од согорувањето на фосилните горива, заедно со климатскиот феномен Ел Нино, соборија рекорди во 2023 година.
Научниците предупредуваат дека 2024 година може да биде полоша бидејќи Ел Нино ги зголемува температурите.
Во извештајот се предупредува на големо намалување на морскиот мраз на Антарктикот. Највисокото измерено ниво беше за милион квадратни километри помалку од претходниот рекорд, приближно колку Египет.
Тој тренд, во комбинација со затоплувањето на океаните што предизвикува ширење на водата, придонесе за повеќе од двојно зголемување на нивото на морето во изминатата деценија во споредба со периодот од 1993 до 2002 година, според СМО.
Топлината беше концентрирана во Северниот Атлантик, каде што температурите беа просечни 3 степени Целзиусови над просекот до крајот на 2023 година, се вели во извештајот.
Повисоките температури на океаните влијаат на чувствителните морски екосистеми и многу видови риби избегаа северно од областа во постудени води.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.