Свет
Светските лидери му честитаа на новиот премиер на Британија
Светските лидери му честитаа на Кир Стармер, кој ќе биде нов британски премиер, откако неговата Лабуристичка партија освои убедливо мнозинство на општите избори ставајќи крај на 14-годишното владеење на конзервативците.
„Честитки, Кир Стармер, за вашата изборна победа. Со нетрпение очекувам да работам со вас во конструктивно партнерство за решавање на заедничките предизвици и зајакнување на европската безбедност“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на социјалната платформа „Икс“.
Централно-левичарските лабуристи би требало да освојат огромно мнозинство во 650-члениот Парламент, а конзервативците на Риши Сунак ќе го имаат својот најлош резултат во долгата историја на партијата бидејќи гласачите ги казнија за високите трошоци за живот, лошите јавни услуги и низата скандали.
Францускиот претседател Емануел Макрон исто така му ја честита победата на Стармер.
Congratulations Sir @Keir_Starmer on your victory. Pleased with our first discussion.
We will continue the work begun with the UK for our bilateral cooperation, for peace and security in Europe, for the climate and for AI.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) July 5, 2024
„Задоволен сум од нашата прва дискусија. Ќе ја продолжиме почнатата работа со Обединетото Кралство за нашата билатерална соработка, за мирот и за безбедноста во Европа, за климата и за вештачката интелигенција“, напиша Макрон на „Икс“.
Congratulations to @Keir_Starmer and @UKLabour on their convincing election victory.
Ukraine and the United Kingdom have been and will continue to be reliable allies through thick and thin. We will continue to defend and advance our common values of life, freedom, and a…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 5, 2024
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се приклучи на честитките пишувајќи дека „Украина и Обединетото Кралство биле и ќе продолжат да бидат сигурни сојузници во добро или во лошо“, а исто така се осврна и на Сунак.
„Благодарен сум му на мојот добар пријател Риши Сунак за непоколебливата поддршка на британската влада под негово водство. Тенковите Challenger, ракетите Storm Shadow, обуката на нашите пилоти за ‘Ф-16’ и првиот билатерален договор за безбедносна соработка се само дел од нашите заеднички достигнувања, кои Украина никогаш нема да ги заборави“, напишпа Зеленски на „Икс“.
Австралискиот премиер Ентони Албанес им рече на новинарите дека постои цврста врска меѓу двете земји и дека особено се радува на соработката со Кир Стармер и многу други од британската Лабуристичка партија.
„Нивните ставови за голем број прашања се многу слични на нашите. Сигурен сум дека тесно ќе соработуваме во АУКУС (сојузот на Австралија, ОК и Соединетите Американски Држави), каде што веќе тесно соработувавме со претходната влада“, додаде Албанес.
Congratulations, @Keir_Starmer, on a historic U.K. election victory.
Lots of work ahead to build a more progressive, fair future for people on both sides of the Atlantic. Let’s get to it, my friend. pic.twitter.com/QWlNF9NYcJ
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) July 5, 2024
Канадскиот премиер Џастин Трудо на „Икс“ исто така му честита на Стармер за неговата историска изборна победа.
„Има многу работа да се направи за да се изгради попрогресивна, поправедна иднина за луѓето од двете страни на Атлантикот. Ајде да се зафатиме, пријателе“, напиша Трудо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми.
Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари).
Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите на домашна адреса, додека пензиите исплатени преку банките ќе пристигнат најдоцна до 6 јануари.
Регион
Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска
Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.
Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.
Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.
Регион
Уште еден земјотрес во Грција, тлото не се смирува
Вечерва, во 19:51 часот, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на 56 километри североисточно од градот Ираклион, додека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 12.58 часот, во областа на Крит.