Свет
Свештениците во Германија пребарувале порнографија преку службените компјутери
Свештеници и персоналот на архиепископијата во Келн гледале порнографија на службените компјутери, потврди надбискупот Рајнер Марија Воелки. Германските медиуми јавуваат дека се забележани околу 1.000 обиди за гледање порнографски страници. Постар свештеник е меѓу 15-те идентификувани лица, објави весникот Келнер Штат-Анцајгер.
Надбискупот Рајнер Марија Воелки рече дека наредил истрага. Гледањето порнографија на компјутерите на надбискупијата е строго забрането, како и пристапот до материјали за дрога и насилство. Повеќето од сомнителните активности се поврзани со порнографски страници, според Келнер Стадт-Анзајгер.
Во изјавата дадена од надбискупијата за Би-Би-Си, кардиналот Воелки рече дека е „разочаран што вработените се обиделе да пристапат до порнографски страници“. Гвидо Асман, генерален викар на Келн, рече дека неговата организација е „многу свесна за проблемот“. „Задоволен сум што нашите безбедносни системи се ефикасни“, рече тој.
Извештаите доаѓаат по серијата скандали што ја зафатија надбискупијата, најголемата во Германија со повеќе од два милиони членови. Извештајот од 2021 година покажа дека помеѓу 1975 и 2018 година, имало повеќе од 200 злоставувачи и повеќе од 300 жртви – главно под 14 години – во надбискупијата во Келн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.