Свет
Свештеници од Аргентина осудени за сексуалнa злоупотреба на глуви деца
Аргентински суд денеска осуди двајца свештеници за сексуална злоупотреба на глуви деца во католичко училиште.
Судот во Мендоза го осуди свештеникот Никола Корадио на 42 години затвор и свештеникот Хорасио Корбач на 45 години затвор за дела што се случиле во Институтот „Антонио Проволо“ за глуви и деца со оштетен слух во северозападна Аргентина, пренесе АП.
Коради е Италијанец кој има 83 години, а Корбачо Аргентинец, стар 59 години. Двајцата беа уапсени во 2016 година.
Судот, исто така, го осуди градинарот Арманд Гомез на 18 години затвор.
Нивните жртви се 10 поранешни ученици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

