Свет
„Северен тек 2“ не бил споменат за време на разговорите помеѓу Путин и Бајден
Гасоводот „Северен тек 2“ не беше спомнат за време на разговорите меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„ Северен тек 2 не беше споменат вчера“, рече портпаролот на Кремљ на прашањето на новинарите дали Бајден му рекол на Путин дека Америка ќе влијае на Германија за да го запре проектот за гасоводот.
Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека „Северен тек 2“ претставува лост на притисокот на Западот врз Москва да не ризикува да изврши инвазија на Украина.
Во исто време, британски „Фајненшл тајмс“ пишува, повикувајќи се на неименуван дипломат, дека Германија и Америка имале сериозни разговори за рускиот гасовод и дека во случај на руска „инвазија“ на Украина, би можеле да заклучат дека гасоводот е неприфатлив.
„ На крајот може да се постигне консензус дека „Северен тек 2“ е неприфатлив доколку дојде до инвазија на Украина“, се вели во написот.
На редовниот брифинг со новинарите, Песков исто така рече дека на Путин му се допаѓа форматот на онлајн комуникација со Бајден бидејќи овозможува отворен разговор.
Тој додаде дека роковите за контакти меѓу претставниците на двете земји се уште не се одредени по разговорите меѓу претседателите, но дека тие мора да се реализираат оперативно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

