Свет
Северна Кореја: „Златната купола“ е закана што може да предизвика нуклеарна војна во вселената
Северна Кореја ги критикува плановите за противракетниот систем „Златна купола“ на американскиот претседател Доналд Трамп со процена дека системот би претставувал многу опасна закана, што би можела да предизвика нуклеарна војна во вселената, објавија денес севернокорејските медиуми.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја издаде меморандум „за да ја информира меѓународната заедница дека воспоставувањето нов систем за ракетна одбрана од страна на Соединетите Американски Држави (САД) е многу опасен заканувачки потег насочен кон закана по стратешката безбедност на државите со нуклеарно оружје“, соопшти официјалната новинска агенција КЦНА.
Во меморандумот се наведува дека САД се „решени да ја милитаризираат вселената“ и сакаат да ја трансформираат „во потенцијална нуклеарна воена зона“.
Минатата недела Доналд Трамп објави нови детали од планот и најави издвојување на 175 милијарди долари за системот за противракетна одбрана.
Тој рече за системот „Златна купола“ дека е многу важен за успехот и за опстанокот на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Етиопија ја потврди првата епидемија на вирусот Марбург
Етиопија потврди прва епидемија на вирусот Марбург, откако девет случаи биле идентификувани, меѓу кои и здравствени работници. Примероците од сомнителни случаи биле позитивни, а инфекцијата ја предизвикува истиот сој што претходно се појавил во источна Африка.
СЗО и Африканскиот центар за контрола на болести испратиле брза помош, медицинска опрема и изолациони шатори, додека властите работат на спречување на ширење на болеста преку границите. Вирусот е многу заразен и често смртоносен, со симптоми како висока температура, главоболка, болки во мускулите и тешко крварење.
За болеста нема одобрен лек, а здравствените власти на Етиопија и Јужен Судан соработуваат за контрола на епидемијата. СЗО издвоилa 300.000 долари за итна поддршка.
Свет
(Фото) Блокирани руски воени возови: групата „Атеш“ изврши прецизни ракетни напади
Украинската герилска група „Атеш“ изврши саботажа на железничка пруга во Запорожската област, блокирајќи руските воени возови, кои потоа беа гаѓани со ракети, соопшти групата.
Оперативците го запалиле контролниот ормар на клучен дел од пругата кај Новобогданивка, на 50 километри од фронтот. Саботажата привремено ја нарушила руската логистика и довела до недостаток на гориво и муниција, што намалило интензитет на борбите во регионот.
⚡️Pro-Ukrainian partisans sabotage rail equipment in Russian-occupied Zaporizhzhia Oblast, group claims.
The sabotage operation blocked Russian military trains, making them a clear target for a Ukrainian attack, the Atesh partisan group said. https://t.co/uktf2wmNj8
— Kirk🐉 (@sankalots) November 16, 2025
Групата „Атеш“ редовно изведува саботажи на територијата на Русија и во делови на Украина под руска контрола, а во октомври извести за уништување на контролен ормар за сигнализација во Ростовската област.
Свет
(Видео) Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица
На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се полицајци, а 20 лица се уапсени, соопшти локалната полиција.
Протестите ги организираше „генерацијата З“ против криминалот, корупцијата и неказнивоста. Демонстрантите демонтираа делови од бариерата пред Националната палата, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.
The Mexican anti-cartel Gen Z rebellion has reached Claudia Sheinbaum’s presidential palace in Mexico City.
The crowd has torn down the wall she built a few days ago and is now trying to get past the riot police who have taken cover in an ancient Roman testudo (turtle) formation pic.twitter.com/3AWvsmb4Zc
— Visegrád 24 (@visegrad24) November 15, 2025
Активистите изразија незадоволство и поради убиствата на познати личности, вклучително и градоначалникот на Уруапан, Карлос Манзо, кој беше застрелан на 1 ноември поради неговата борба против нарко-картелите.

