Свет
Северна Кореја истрела серија ракети
Северна Кореја истрела денеска серија крстосувачки ракети земја-море за да покаже дека е подготвена да продолжи, и покрај предупредувањата да престане со програмите за вооружување, објави јужнокорејскиот министер за одбрана.
Овој тест е спроведен помалку од седум дена откако дополнително беа засилени меѓународните санкции против Пјонгјанг поради последните лансирања на балистички проектили.
„Северна Кореја утрово истрела неколку неидентификувани проектили, веројатно ракети земја – море од повеќе од едно место во близина на крајбрежниот град Вонсан”, соопшти министерот за одбрана на Јужна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

