Свет
Северна Кореја: Ќе го преиспитаме мораториумот на нуклеарното оружје и ќе ја зајакнеме нашата одбрана од САД

Северна Кореја ќе ја зајакне својата одбрана од САД и ќе размисли за мораториум на нуклеарното оружје и ракетите со долг дострел, објави денеска севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун свика состанок на Политбирото на владејачката Работничка партија на разговори за „важни политички прашања“, но и за контрамерки против „непријателската“ политика на САД, објави новинската агенција КЦНА.
Предупредувањето на Северна Кореја дојде само неколку часа пред Советот за безбедност на Обединетите нации, на барање на Соединетите Американски Држави и некои други земји, да одржи состанок зад затворени врати за да разговара за неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

Најмалку 340 деца се убиени во руските напади врз Украина, објавија од кабинетот на главната украинска обвинителка.
Од почетокот на војната на 24 февруари година досега се повредени 645 деца, се наведува во соопштението.
„Овие бројки не се конечни и Обвинителството работи на утврдување на точната бројка на самото место на случувањата. Поголемиот дел од овие бројки се однесуваат за регионот на Донбас, па следуваат регионот на Харков и Киев. Голем број жртви се потврдени во Чернихив, Миколаев и Запорожје“, се наведува во соопштението.
Европа
Лавров: Киев лаже!

Наводите дека руската војска ги гранатира сопствените градови за да го обвини Киев се лага, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесуваат тамошните медиуми.
„Со еден збор – тие лажат. Фактите се познати, нашето Министерство за одбрана секојдневно изнесува факти“, истакна Лавров на прес-конференцијата по разговорот со виетнамскиот колега Буи Тан Сон.
Лавров уште и рече дека „западните земји мора да се свесни за својата одговорност без оглед како и што објаснуваат украинскиот претседател Зеленски и неговите соработници“.
„Западот мора да е свесен за својата одговорност за губењето цивили, пред сè во Донбас и во другите делови на Украина“, рече Лавров.
Свет
Украински војници пристигнаа во Велика Британија на обука

Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија, соопшти денеска министерот за одбрана Бен Валас.
Обуката е дел од британската програма која има за цел да обучи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, пишува „Гардијан“.
„ Неодамна, првата ротација на украински војници пристигна во Велика Британија. Овие украински војници ќе посетуваат курсеви засновани на основната воена обука на Британија. Тоа вклучува обука со жив оган, прва помош на бојното поле, теренска обука, тактика за патрола и запознавање со законите на вооружен конфликт“, се вели во соопштението на британското министерство.
За време на посетата на Киев минатиот месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди да започне голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена, објави „Ројтерс“.