Контакт

Свет

Се зголемува бројот на луѓе што страдаат од глад, предупредуваат ОН

Објавено пред

Бројот на луѓе што страдаат од глад се зголеми во текот на изминатите три години откако претходно беше во пад, се вели во извештајот на ОН.

Според анализите, во 2017 година 821 милион луѓе биле неисхранети – што во просек е едно на секои девет лица.

Речиси 151 милион деца на возраст под пет години или 22 отсто на глобално ниво имаат нарушен развој поради лошата исхрана.

Авторите на истражувањето велат дека екстремните климатски промени се делумно виновни за порастот на луѓе што страдаат поради глад и повикуваат на итна глобална акција.

Во извештајот исто така се вели дека тешкотиите за пристап до храна со нутриционистички вредности влијаат и врз растечкиот глобален проблем со дебелината, при што едно од осум возрасни лица (повеќе од 672 милиона) се класифицирани како дебели.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Тајванскиот суд ја декриминализира прељубата

Објавено пред

Врховниот суд на Тајван го поништи повеќедеценискиот закон според кој прељубата се сметаше за кривично дело казниво со затвор.

Судот го поништи членот 239 од Кривичниот законик на Тајван, во кој се вели дека „лицето во брачна заедница кое ќе изврши прељуба со друго лице може да биде осудено на затворска казна до една година“.

Министерството за правда објасни дека законот е прогласен за неважечки бидејќи сериозно ја нарушува личната сексуална слобода и приватноста.

„Сега кога прељубата е декриминализирана, на сила е Граѓанскиот закон за заштита на семејството и бракот“, рече генералниот секретар на Министерството за правда, Лин Хуи-хуанг.

Прикажи повеќе...

Свет

Неколку руски региони прогласија вонредна состојба поради шумски пожари

Објавено пред

Пожарите зафатија повеќе од 14.300 хектари шуми низ цела Русија, соопшти Службата за заштита на шумите од воздухот.

Прогласена е вонредна состојба во Транс-Бајкалскиот регион, како и во областите околу Иркутск, Тува и во Какасијскиот регион.

Повеќе од 34 шумски пожари се активни во Русија од полноќ, а противпожарните служби прават се за да ги изгасат, пренесува ТАСС.

Поголемиот дел од пожарите се во Красоарскиот регион, каде што се уништени скоро 5.400 хектари шума.

Против огнената стихија се борат 1.700 пожарникари и 234 опремени единици. Во последните 24 часа тие успеаја да го изгасат огнот на 3.700 хектари.

Прикажи повеќе...

Свет

Лидерите на фармацевтски компании: Нема доволно шишенца за вакцина против коронавирус

Објавено пред

Предизвиците во производството и напорите на владите да обезбедат снабдување на своите граѓани ќе го отежнат испорачувањето вакцини против „Ковид 19“ откако ќе се развијат, предупредуваат лидерите на фармацевтската индустрија.

Производителите на лекови веќе тестираат десетина можни кандидати за вакцина против новиот коронавирус, објави Светската здравствена организација (СЗО).

„АстраЗенек“ се надева дека ќе ја пушти вакцината во продажба до крајот на годината, изјави извршниот директор Паскал Сориот на онлајн конференцијата за медиуми во Женева, во организација на Меѓународната федерација на фармацевтски производители и асоцијации (ИФПМА).

„Вакцината би можела да биде готова до октомври ако ни бидат наклонети ѕвездите“, рече  Алберт Бурла, извршен директор на американската компанија „Пфизер“.

За спречување на „Ковид-19“ потребни се до 15 милијарди дози, трипати повеќе од сегашното глобално производство на вакцини годишно, со исклучок на вакцините против грип, наведува ИФПМА.

Фармацевтската индустрија може да произведе многу големи количини вакцина, но се соочува со проблем кога станува збор за пакувањето.

„Нема доволно шишенца во светот“, објасни Сориот од „АстраЗенек“.

Фармацевтските лидери јасно ставија до знаење дека не планираат да делат патенти или производствен капацитет, но се подготвени да работат заедно на полнење шишенца за да се задоволи побарувачката.

Бурла од „Пфизер“ исто така предупреди дека планот на индустријата да доставува вакцини подеднакво на сиромашните и богатите земји може да наиде на политички пречки.

Владите ќе искористат најголем дел од влијанието што го имаат на располагање за да го обезбедат снабдувањето на своите граѓани. „Се плашам дека ќе се најдеме помеѓу два огна“, истакна шефот на американската компанија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Филипче: Мерките не се почитуваат, можни се рестриктивни мерки во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој кажа дека има информации...

Македонија23 минути

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2...

Македонија33 минути

Потврдени 52 нови случаи на заразени, починаа 4 лица

Денеска се потврдени 52 нови случаи на ковид 19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица информира Министерството...

Македонија48 минути

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија1 час

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија1 час

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиони на американското воено воздухопловство придружувани од четири воени авиони на Грција околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија2 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет2 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет4 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион5 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет5 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа5 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет5 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија5 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија19 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион19 часа

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ21 час

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија22 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија22 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија24 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Досие