Контакт

Европа

Се обидела да ја исклучи машината за кислород на „цимерот“ во болница, бучавата ја нервирала

Објавено пред

Во вторникот, лекари во германскиот град Мајнхајм мораа да оживеат седумдесет и девет годишен пациент на кого 72-годишна пациентка му го исклучила апаратот за терапија со високопроточен кислород.

dobivaj vesti na viber

Причината зошто го направила тоа е прилично бизарна. Очигледно, ѝ пречела бучавата што ја правел уредот за време на работата.

Според полицијата во Мајнхајм, пациентите биле во иста просторија. Со оглед на тоа што на 72-годишната жена и пречела бучавата што ја произведува кислородниот уред, таа одлучила да го исклучи, пишува списанието „Феникс“.

По првиот обид, болничкиот персонал го предупредил пациентот дека снабдувањето со кислород на 79-годишникот е многу важно, но жената сепак го исклучил апаратот набргу по предупредувањето.

Според полицијата и обвинителството, 72-годишната жена во моментов е во притвор и се товари за обид за убиство.

Европа

Руски активист, кој ја критикува војната во Украина, осуден на затвор: „Ја знаеме вистинската причина зошто нè приведуваат, судат, апсат и убиваат“

Објавено пред

Руски суд денеска го осуди активистот Олег Орлов на две и пол години затвор поради дискредитација на руските вооружени сили. Повеќе од две децении Орлов (70) беше еден од водачите на организацијата за човекови права „Меморијал“, која ја доби Нобеловата награда за мир во 2022 година откога беше забранета и распуштена во Русија.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за повторно судење. Минатата година, поради неговата возраст и здравјето, окружниот суд го казни со 150.000 рубли (1.616 американски долари), што е релативно лесна казна за критичар на војната во Украина, кога напиша напис во кој, меѓу другото, тврдеше дека Русија под Владимир Путин потонала во фашизам.

Обвинителите, сепак, се пожалија дека казната е прелесна, пишува Би-би-си. Вишиот суд ја поништи пресудата и беше наредено ново судење. Оваа недела во својот завршен говор на новото судење Орлов рече дека Русија сè подлабоко тоне во темнина наведувајќи ја како пример смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

„Ја знаеме вистинската причина зошто нè приведуваат, зошто нè судат, апсат и убиваат. Нè казнуваат затоа што се осмелуваме да ги критикуваме властите. Во денешна Русија ова е апсолутно забрането“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Силен земјотрес во Турција

Објавено пред

Денеска, во 14.10 часот земјотрес со јачина 4,6 според Рихтер ја потресе западна Турција.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот е на 20 километри од градот Гелиболу во провинцијата Чанаккале, на длабочина од 13 километри.

Прикажи повеќе...

Европа

Италијанската премиерка ја загуби власта на Сардинија

Објавено пред

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ја загуби власта на медитеранскиот остров Сардинија, со што нејзината десничарска коалиција го доживеа првиот значаен изборен неуспех по преземањето на функцијата во 2022 година, покажаа денеска резултатите од регионалните избори.

dobivaj vesti na viber

Алесандра Тоде, членка на левичарското Движење Пет ѕвезди поддржано од Демократската партија освои 45,4 отсто од гласовите на изборите во неделата надминувајќи го Паоло Труцу, кандидатот избран од Мелони, кој освои 45,0 отсто.

И со некои ливчиња што останаа да се пребројат Труцу веќе го призна поразот, а Тоде ја прослави својата победа заедно со шефот на Демократската партија, Ели Шлајн, и поранешниот премиер Џузепе Конте, водачот на Пет ѕвезди.

„Почнуваат да дуваат разни ветрови“, рече Шлајн.

Тоде, поранешна функционерка во владината канцеларија за индустрија и успешен менаџер, ќе биде првата претседателка на островот и првата претседателка на италијански регион од Движењето Пет ѕвезди.

Тоа е исто така првпат левиот центар да успее да ја промени волјата на гласачите на Сардинија од 2015 година давајќи им на опозициските партии поттик пред уште четири регионални избори оваа година и изборите за Европскиот парламент во јуни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Демири: Ќе разговарам со семејството на Леонид Индов за можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација

Министерот за здравство д-р Илир Демири информира дека на денешната владина седница беше разгледан случајот на Леонид Индов и исто...

Македонија11 часа

Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател. „Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател!...

Македонија12 часа

Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи

Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере...

Македонија20 часа

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија21 час

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација...

Македонија21 час

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија21 час

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...

Македонија22 часа

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж...

Македонија22 часа

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....

Свет22 часа

Гутереш: Нуклеарна сенка над човештвото

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска, изјави дека нуклеарната сенка повторно се надвила над човештвото, додавајќи дека ризикот...

Македонија23 часа

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри...

Свет23 часа

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за рамазан, ризикува да ја загуби поддршката од светот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на...

Топ1 ден

Уште едно убиство во Македонија: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден...

Македонија1 ден

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал...

Македонија2 дена

Според грчкиот министер „преспанскиот“ за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите...

Свет2 дена

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот...

Регион2 дена

Извештај на ЕБОР: На Западен Балкан ќе му бидат потребни помеѓу 40 и 70 години за да го достигне животниот стандард на ЕУ

Стандардот на живеење во Западен Балкан сè уште е значително понизок од оној во Европската унија и би можеле да...

Топ2 дена

Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од...

Македонија2 дена

(Видео) Петковиќ: За извршителите и судиите што не ги бришат застарените долгови чаре се кривични пријави

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на...

Македонија2 дена

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор...