Свет
Се огласи Нетанјаху по примирјето: Не знаете што сè се случуваше
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека израелската операција во Газа е успешна и дека му нанела штета на Хамас.
„ Ја сменивме равенката со Хамас“, рече Нетанјаху во првото обраќање пред новинарите по прекинот на огнот со палестинскиот Хамас, пренесува весникот „Харец“. Тој додаде дека Израел нема да дозволи нови ракети од Појасот Газа.
„Ако Хамас мисли дека ќе добиеме и најмало парче ракета, се лаже. Ќе одговориме со поинаков интензитет. Она што се случи нема да се повтори”, рекол Нетанјаху, а пренесува „Џерусалим пост“.
Нетанјаху нагласи дека јавноста, а ниту Хамас, не знаат сè што се случувало.
„ Сите наши достигнувања ќе бидат откриени со време. Можам да кажам дека сме направиле храбри и нови работи. Ако беше неопходна инвазија на копно, ќе започневме, но мислам дека можевме да ја достигнеме целта на побезбедни начини”, додаде Нетанјаху.
Примирјето меѓу Израел и Хамас започна утрово во 2 часот по локално време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

