Свет
Се распадна владејачката коалиција во Италија

Италијанската владејачка коалиција се распадна.
Поранешниот италијански премиер, Матео Ренци, изјави дека министрите на неговата партија Италија Вива ќе се повлечат од кабинетот, со што коалициската влада ќе остане без мнозинство во парламентот.
Ренци попладнево ги објави оставките на министрите Тереза Беланова, Елена Бонети и секретарот Иван Скалфарото.
„Минуваме низ голема политичка криза, се соочуваме со опасности поврзани со пандемијата. Наша одговорност е да ги решиме овие проблеми, а не да ги криеме“, рече Ренци.
Италија Вива, која има поддршка од 3 % од гласачите и се обидува да остане релевантна на политичката сцена, е несигурен сојузник на премиерот Џузепе Конте од формирањето на владата во 2019 година, а тензиите постојано се зголемуваат во последните неколку недели, според „Ројтерс“.
Ренци го критикува планот на Конте за трошење на милијардите евра ветени од Европската Унија за рестартирање на италијанската економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шербеџија: Мира беше долго време неизлечливо болна, беше во кома

Актерот и режисер Раде Шербеџија зборуваше за смртта на легендарната Мира Фурлан и откри дека актерката долго време била неизлечливо болна и во кома.
„Често бев во контакт со Мира Фурлан. Кога се вратив од Америка, тогаш поретко, но додека живеев во истиот град, Лос Анџелес, често се гледавме и се дружевме. Што да кажам. Не сум ја видел долго време. Таа долго време беше тешко и неизлечливо болна. Беше во кома. Во тоа време секоја врска со неа беше прекината. Но, на сите ни остана во срце, бидејќи Мира Фурлан, сигурен сум, беше една од најубавите актерки во поранешна Југославија”, рече Шербеџија.
Тој се присети на моментот кога го отворале театарот во 2001 година и претставата „Кралот Лир“.
„Ленка и јас ја поканивме да ја глуми Луда, но таа не се осмелуваше да дојде. Беше воодушевена, но не се осмелуваше. Беше премногу ранета, бидејќи како вистинска хероина, таа беше и трагичар во приватниот живот”, рече Шербеџија.
Свет
(Видео) Децата во Сибир го јакнат имунитетот полевајќи се со ледена вода

Децата во државната градинка во Краснојарск во Сибир ја соблекуваат долната облека, а потоа одат надвор во снегот, каде што се полеваат со ледена вода … Можеби звучи сурово, но ова е дел од нивната едукативна програма за која се верува дека ги одржува здрави и запира бројни инфекции.
„Малите ’моржови’ први се загреаваат во сауна, а потоа следува традиционалното туширање со ладна вода“, рече портпаролот на одделот за образование во Краснојарск, како што објави „Дејли мејл“.
Оксана Каботко (45), воспитувачка и тренер по пливање, рече дека го избегнуваат овој вид „образование“ во случаи кога е многу студено, односно ако температурата падне на минус 25 Целзиусови степени.
Таа посочува дека тие мора да имаат одобрение од родителите за студен туш, но исто така додава дека повеќето мајки и татковци апсолутно се согласуваат со политиката на градинките. Пред да ги пуштат на снег и да истурат вода врз нив, децата учат како правилно да дишат во тој момент.
„Децата кои практикуваат ладен туш се поразумни, урамнотежени и оптимистички расположени. Тие се подобро организирани. За да го направите ова секое утро, потребна ви е голема волја. Не принудуваме никого“, рече Каботко.
Нејзина колешка вели дека лекарот исто така потврдува дека децата кои применуваат ледено туширање многу полесно ја поминуваат сезоната на грип.
Свет
Фаучи: Веќе не мора да му противречам на Трамп, се чувствувам слободно

Водечкиoт американски имунолог Ентони Фаучи, советник на американскиот претседател за пандемии, им изјавил на новинарите дека се чувствува полесно по заминувањето на Доналд Трамп од Белата куќа.
Од почетокот на пандемијата Фаучи имаше многу активна комуникација со новинарите, но во последните месеци се држеше на дистанца.
„Отсекогаш сум зборувал сè што знам и затоа понекогаш имав проблеми“, рече тој.
Објасни дека му било тешко да слуша изјави што немаат научна основа. Тој исто така призна дека бил многу вознемирен кога Трамп во март се залагал за употреба на хидроксихлорокин во третманот на коронавирус, лек против маларија за кој се покажало дека нема ефект против Ковид-19.
„Не беше воопшто лесно да му се спротивставиш на претседателот“, рече Фаучи, додавајќи: „И не изгледаше дека тоа може да мине без последици“.
„Самото сознание дека денеска можам да дојдам овде, да го кажам тоа што го знам, да презентирам докази и да зборувам врз основа на наука е ослободувачко чувство“, заклучи имунологот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот