Контакт

Свет

СЗО бара слободен пристап во Дума по хемискиот напад

Објавено пред

Светската здравствена организација побара непречен пристап до сирискиот град Дума за да ги провери извештаите од своите партнери дека 500 луѓе биле погодени од хемиски напад, објави Би-би-си.

Сириската влада негира дека стои зад каква било употреба на хемиско оружје.

САД се заканија со насилен одговор на извештаите за нападот, што, пак, Русија го нарече изговор за напад врз својот сојузник Сирија. Според извештаите на СЗО во нападот се убиени 70 лица.

Организацијата соопшти дека нејзините партнери известиле дека 500 луѓе претрпеле симптоми по изложеноста на токсични хемикалии, вклучувајќи тешкотии при дишењето, иритација на мукозните мембрани и нарушување на централниот нервен систем.

„Ние сите треба да бидеме навредени од овие ужасни извештаи и слики од Дума”, изјави Питер Салам од СЗО.

„СЗО бара непосреден непречен пристап до областа за да се погрижи за погодените, да се проценат влијанијата врз здравјето и да се обезбеди сеопфатен одговор на јавноста”, додаде Салам.
Сириските опозициски активисти, спасувачки работници и лекари велат дека нападот во Дума е изведен од сириските владини сили кои употребиле бомби со токсични хемикалии.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Русите му дадоа можност на Путин да владее до 2036 година

Објавено пред

Мнозинството руски граѓани гласаа за измени во Уставот што ќе му овозможат на претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година.

Сепак, еднонеделниот референдум, кој заврши денес, беше одбележан со бројни извештаи за притисок врз гласачи и други неправилности.

Со затворањето на повеќето избирачки места во државата и по преброени 20 проценти од областите, 72 проценти од гласачите се изјасниле за уставни измени, пренесе Централната изборна комисија.

За прв пат во Русија гласањето траеше една недела со цел да се зголеми излезноста на граѓаните, но и да се намалат толпите на избирачките места поради пандемијата на коронавирус.

До затворањето на гласачките места во Москва и повеќето други делови во западна Русија, вкупниот од одзив бил 65%, според официјалните лица задолжени за следење на референдумот.

Во некои региони, гласале дури 90 проценти од лицата со право на глас.

Прикажи повеќе...

Свет

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Објавено пред

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет со цел да се олесни борбата против коронавирусот.

Резолуцијата, за која се гласаше писмено, заеднички ја предложија Франција и Тунис, кои веднаш го пофалија нејзиното усвојување.

Некои експерти се сомневаат дека резолуцијата практично ќе се спроведе затоа што беше предложена веќе пред неколку месеци, а тоа, како што проценуваат, влијаело на падот на кредибилитетот на Советот за безбедност.

Резолуцијата, која со месеци беше блокирана од Кина и САД поради нивните спротивставени погледи за улогата на Светската здравствена организација, која се споменуваше во една верзија на текстот, е дел од поддршката на апелот за прекин на огнот од Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Текстот повикува на општо и итно прекинување на конфликтите во светот, освен оние кои се насочени против џихадистичките групи.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Јанушев: Во програмата предвидуваме 640 милиони евра за субвенции за земјоделците

Објавено пред

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборната единица три, Игор Јанушев, денеска преку видео обраќање упати порака до граѓаните порачувајќи дека потребно е на 15 јули да се обединат и да ја донесат, како што рече, Обновата на Македонија.

Тој вети инфраструктурни проекти, покачување на платите, отворање на нови работни места, покачување на пензиите на пензионерите, намалување на данокот на 8 проценти, но и како што кажа, конечно вреднување на маката и трудот на земјоделците.

„Во делот на земјоделците ќе ги зголемиме субвенциите за земјоделците на 640 милиони евра во четиригодишниот мандат или тоа се 160 милиони евра годишно. Во делот на сточарството се обврзуваме да ја зголемиме поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло“, нагласи Јанушев.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија17 часа

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија17 часа

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија17 часа

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија18 часа

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија18 часа

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Регион20 часа

Граничниот премин Евзони повторно затворен

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен,...

Македонија20 часа

Кривична пријава и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во инцидентот пред „8 Септември“

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот што вчера се случи во болницата...

Економија20 часа

Игротеките бараат поддршка и протоколи за почеток со работа

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности и...

Македонија22 часа

Ременски бара обвинителката Русковска да биде изземена од судењето за „Меѓународен сојуз“

Фросина Ременски, третообвинета во случајот „Меѓународен сојуз“, заедно со Бојан Јовановски-Боки 13, бара да се изземе обвинителката Вилма Русковска од...

Македонија23 часа

Лицата со Ковид-19, во самоизолација и хронично болните можат да се пријавуваат за гласање за изборите

Почнува пријавувањето до општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за...

Македонија23 часа

Бројот на починати од коронавирус во земјава надмина 300, границите на ЕУ остануваат затворени за македонските граѓани

Земјата со недели се соочува со троцифрени бројки на новозаразени од Ковид-19 на дневна основа, а бројот на починати од...

Свет23 часа

САД ги купија сите залихи на ремдесивир

Сите залихи на лекот ремдесивир, кој е еден од ретките што покажаа позитивни резултати во лекувањето на коронавирусот, се откупени...

Македонија24 часа

Повторно летови од аеродромите во Скопје и во Охрид

Двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, од денеска се отвораат за патници, но со строго почитување на протоколите. Заштитните...

Македонија24 часа

Снимател од МРТ ја загуби битката со коронавирусот

Синоќа од коронавирус почина долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио- телевизија, Шенол Ахмети. Неговите колеги на социјалните мрежи...

Забава1 ден

(Видео) Италијански нуркачи два часа спасувале кит заплеткан во нелегални рибарски мрежи

Припадниците на италијанската крајбрежна стража и нуркачите успеале да го ослободат китот што се заплеткал во рибарските мрежи во близина...

Македонија1 ден

Филипче за инцидентот во „8 Септември“: Ова е чин на непочитување на здравствените работници кои се борат за секој човечки живот

Вечерва во Градската општа болница „8 Септември“, докторка беше нападната од семејство на пациентка која по неколку дена болничко лекување...

Топ1 ден

Шестмина приведени поради закани кон докторка во Ковид-центарот во „8 Септември“

Шестмина се приведени вечерва поради закани кон докторка во Ковид-центарот во болницата „8 Септември“ во Скопје. Меѓу нив е и...

Македонија1 ден

Милошоски хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е примен на Инфективната клиника откако неколку дена имал покачена телесна температура, иако...

Регион2 дена

(Видео) Група лекари ѝ свртеа грб на Брнабиќ во знак на протест во Нови Пазар

Група лекари и медицински персонал во општата болница во Нови Пазар им завртеа грб на српската премиерка Ана Брнабиќ и...

Досие