Свет
СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19
Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната безбедност, објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, и други официјални лица честопати го споменуваа „хидроксиклорокинот“ како можен лек против коронавирусот. Претседателот на САД изјави дека го зема лекот како превенција од вирусот.
„Истражувачите ја стопираа употребата на ‘хидроксиклорокинот’ во клиничките испитувања во рамките на проектот ‘Солидарност’ сè додека не се анализираат податоците за безбедноста на лекот“, рече Тедрос на онлајн-брифинг додавајќи дека другите тестови во рамките на „Солидарност“, голема меѓународна иницијатива за спроведување клинички испитувања на можни лекови за вирусот, продолжуваат.
СЗО претходно препорача „хидроксиклорокинот“ да не се користи за лекување или спречување на вирусот, освен во клиничките испитувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.

