Свет
СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19
Дури во 2022 година светот може да почне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан, научник од Светската здравствена организација (СЗО) во Женева.
„Зборуваме за 2022 година, така што ќе мора подолго време да ги задржиме истите мерки што се применуваат, кои вклучуваат одржување физичка дистанца, носење маски и одржување редовна хигиена“, им рече на новинарите д-р Сваминатан на онлајн-конференција организирана од Обединетите нации, пишува Си-ен-ен.
„Овие мерки ќе мора да продолжат и кога ќе ја имаме вакцината и кога ќе почнеме со вакцинирање затоа што потребно е 60-70 проценти од популацијата да стекне имунитет пред да биде видливо драматично намалување на преносот на овој вирус“, рече таа.
„Ние исто така не знаеме колку долго ќе штитат вакцините – тоа е уште еден голем прашалник: колку трае имунитетот? И можеби ќе ви треба ‘засилувач“, рече д-р Сваминатан.
Таа додаде дека здравствените власти во моментот сакаат да го контролираат коронавирусот наместо да го елиминираат.
„Иако временската линија е сè уште неизвесна и тешко е да се предвиди, мислам дека може да се каже дека дури во 2022 година можеме да почнеме да размислуваме за враќање на нормалниот живот пред Ковид-19“, рече д-р Сваминатан и додаде дека не смета оти коронавирусот ќе стане сезонски вирус.
Наместо тоа, додаде таа, може да очекуваме да видиме подеми и падови во бројот на заразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

