Свет
СЗО: Земјите во кои паѓа бројот на заболени се соочуваат со втор бран ако нагло ги попуштат мерките
Земјите во кои се намалува бројот на заболени од коронавирус би можеле да се соочат со втор пик на епидемијата доколку мерките за нејзино запирање се олеснат или се укинат прерано, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
„Светот сè уште е среде првиот бран на пандемијата на коронавирусот“, предупреди шефот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан, на брифинг на интернет истакнувајќи дека иако бројот на случаи се намалува во многу земји, има голем број заразени во централна и во Јужна Америка, јужна Азија и во Африка.
Епидемиите, додаде тој, честопати доаѓаат во бранови, што значи дека коронавирусот би можел да се врати подоцна оваа година на местата каде што исчезнал првиот бран, но постои можност тој да се забрза доколку мерките за спречување ширење на вирусот нагло се напуштат.
Рајан оцени дека земјите во Европа и Северна Америка треба да продолжат со примената на мерките за социјална дистанца, мерките за надзор, тестирање и сеопфатна стратегија за да се продолжи траекторијата на падот и да не се случи веднаш да има втор бран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“

