Свет
СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа
Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние кои покажуваат долготрајни симптоми на болеста по закрепнувањето, а исто така објави дека препорачува употреба на антикоагуланси во мали дози за спречување на згрутчување на крвта, пренесува „Ројтерс“.
In Wuhan, China, the first city in the world to be devastated by the coronavirus, the long months of lockdown have now faded from view. https://t.co/Wv1u3hvUM3 pic.twitter.com/hvhNz2z0Rm
— The New York Times (@nytimes) January 23, 2021
Агенцијата наведува дека портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на денешната прес-конференција во Женева потврди дека тимот на независни експерти предводен од СЗО, кој моментално се наоѓа во кинескиот град Вухан, треба да го напушти карантинот во следните два дена и да продолжи со својата работа.
Media briefing on #COVID19 with @DrTedros https://t.co/bYVPk0J0aD
— World Health Organization (WHO) (@WHO) January 25, 2021
Харис одбила да ги коментира извештаите за доцнење на вакцинацијата во Европската Унија.
По тој повод, таа објави дека нема конкретни податоци, а приоритет на СЗО е здравствените работници во сите земји да се вакцинираат во првите 100 дена од оваа година, наведува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Германија уапсен лекар: осомничен за убиство на осум пациенти
Лекарот што годинава беше уапсен во Берлин е осомничен дека намерно убил осум од своите пациенти, а во некои случаи се обидел да ги прикрие доказите со палење, според истражителите.
Неименуваниот лекар, кој бил член на тимот за палијативна нега, во моментот на апсењето бил осомничен дека убил четворица постари пациенти во јуни и јули, а потоа се обидел да ги запали нивните станови, пренесуваат медиумите во регионот.
Полицијата и Обвинителството денеска соопштија дека се појавиле дополнителни случаи кога ги прегледале досиејата на пациентите и извршиле форензички прегледи на осомничените жртви, од кои две биле ексхумирани.
Тој првично беше уапсен под сомнение за убиство од небрежност, подметнување пожар и обид за палење. Обвинителите рекоа дека сега ги третираат случаите како убиства бидејќи се чини дека осомничениот немал друг мотив, освен да ги убие пациентите, според написите.
Тој е осомничен дека во јануари му дал смртоносна мешавина на лекови на 70-годишен старец. На почетокот на април следната жртва била 61-годишна жена. Неколку недели подоцна тој наводно убил 83-годишен старец.
Во четвртиот случај во јуни тој наводно убил 70-годишна жена во нејзиниот стан, а потоа го запалил. Пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири на другиот дел од зградата, пишуваат медиумите во регионот.
Свет
На Германија ќе ѝ требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040
На германскиот пазар на труд се очекува да му бидат потребни 288.000 странски работници годишно до 2040, според новото истражување објавено оваа недела.
Анализата, спроведена за Фондацијата „Бертелсман“, покажува дека сегашното ниво на миграција на странски работници е значително помало од потребното.
Сузане Шулц, експерт за миграција во Фондацијата, изјави за ДПА дека треба да се отстранат бариерите и да се подобрат условите за мигрантите за да се задоволи растечката побарувачка. Друга проекција, заснована на малку понеповолно сценарио, сугерира дека Германија ќе има потреба од 368.000 странски работници годишно до 2040 година.
Според оваа проекција, од 2041 до 2060 година побарувачката се очекува благо да се намали на речиси 270.000 работници годишно благодарение на позитивните ефекти од претходната имиграција.
Според студијата, без нова имиграција, се очекува германската работна сила да се намали од 46,4 милиони на 41,9 милион работници до 2040 година, што е пад од речиси 10 отсто поради демографските промени.
Ова ќе се разликува од регион до регион. Истражувањето покажа дека работната сила во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, ќе се намали 10 отсто, што се смета за умерено.
Повеќе ќе бидат погодени државите како Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар. Дури и во економски силните региони, како Баварија, Баден-Виртемберг и Хесен, се очекува значителен недостиг на работна сила без прилив на странски работници.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе, кои се најдобри во професијата судии, пренесува „Ројтерс“.