Свет
СЗО: Носете маска на божиќните прослави, можен е нов бран на почетокот на 2021

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика Европејците да носат маски на семејните божиќни собири, објави Би-би-си.
Со оглед на тоа што стапката на пренесување на коронавирус во Европа останува висока, СЗО предупредува на висок ризик од нов бран на почетокот на 2021 година.
Земјите низ европскиот континент бележат илјадници нови случаи и стотици смртни случаи секој ден.
СЗО ги повикува поединците, семејствата и заедниците да покажат одговорност на прославата на Божиќ и со своето однесување да придонесат за спречување на друг бран на коронавирус.
„Можеби е невообичаено да носите маска и да одржувате физичко растојание кога сте во кругот на семејството и пријателите, но со тоа значително придонесувате сите да бидат здрави и безбедни“, соопшти Европската канцеларија на СЗО.
Во меѓувреме, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека првата вакцина против Ковид-19 ќе биде одобрена за една недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Хрват со два ножа нападнал полицајци во Германија, тие го застрелале

Германската полиција застрела и сериозно рани 25-годишен Хрват во Сасенберг откако наводно нападнал полицајци со два ножа, соопштија канцеларијата на јавниот обвинител и полицијата, објави Билд.
И покрај повторените предупредувања од полицијата и барањата да го спушти оружјето, напаѓачот одбил да го запре нападот. Потоа полицијата го застрелала сторителот во горниот дел од телото. Тој се здобил со сериозни, но не опасни по живот, повреди и бил однесен во болница.
Според истражителите, инцидентот бил расправија меѓу соседи, а инцидентот се случил во петокот околу 14:30 часот. Во еден момент, 25-годишниот маж наводно извадил два ножа, кои подоцна ги употребил за да им се закани на полицајците.
Хрватот, објавува германскиот весник, лесно повредил 39-годишен маж и уште еден сосед (50) со оружјето, пред да избега.
Кога службите за итни случаи го фатиле во близина кратко потоа, ситуацијата ескалирала.
Свет
Во Украина има 700.000 руски војници, еве каде е најголемата концентрација

Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) информираше дека на територијата на Украина моментално има околу 700.000 руски војници.
Поголемиот дел од руските војници се концентрирани во регионот Донецк, што укажува на главниот приоритет на Кремљ, изјави претставникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Јусов.
Тој истакна дека овој број не ги вклучува само редовните војници, туку и силите за поддршка, специјалните служби и Руската национална гарда.
Претставникот на ГУР нагласи дека севернокорејските војници кои учествуваат во украинскиот конфликт се борат само на руска територија.
Фактот дека Северна Кореја ги испратила своите војници да се борат против Украина стана познат минатата есен, а потоа се зборуваше за бројот на војници кои достигнале дури 12.000, објавуваа дел од украинските медиуми.
Оваа пролет, јужнокорејските разузнавачки служби објавија дека нова група од 3.000 војници ја напуштила Северна Кореја и отишла во Русија.
Според британските разузнавачки служби, од март оваа година, севернокорејските трупи претрпеле повеќе од 5.000 жртви во битките против украинските вооружени сили во Курската област на Руската Федерација.
Свет
(Видео) Зграда срамнета со земја за дел од секундата во Газа, израелски ракети ја погодија без грешка

Во југозападниот дел на Газа денеска се урна повеќекатна станбена зграда од околу 15 ката по масовно израелско бомбардирање. Според локални медиуми, цел на нападот била зградата „Суси“, која се наоѓа веднаш до комплексот „Руја“.
Израелската армија претходно упати предупредување до жителите да ја напуштат областа, наведувајќи дека објектот бил користен од Хамас за свои активности. Неколку минути подоцна, серија експлозии целосно ја срамнија зградата со земја, оставајќи зад себе густ облак прашина и урнатини.
ממשיכים pic.twitter.com/q4lwpHiUVx
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) September 6, 2025
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа моментот на уривање, кој предизвика паника кај околните жители. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го сподели видеото од нападот со кратката порака „Продолжуваме“. Вчера, по уништувањето на друг станбен блок, Кац напиша „Започнавме“, што медиумите го толкуваат како сигнал за нова, поинтензивна етапа на операцијата во Газа.
View this post on Instagram