Свет
СЗО повика на внимателност за руската вакцина против коронавирус
Светската здравствена организација (СЗО) ја повика Русија да ги следи меѓународните насоки за производство на вакцина против коронавирусот, откако земјата соопшти дека ќе почне со вакцинирање на населението против Ковид-19 во октомври.
„Понекогаш некои научници тврдат дека откриле нешто, што секако е извонредна новост. Но, меѓу пронаоѓање или индиции дека е направена вакцина која делува, и вакцина која ги поминала сите фази на клиничко испитување, има голема разлика“, рекол портпаролот на СЗО, Кристиан Линдмеиер.
Руската вакцина не се наоѓа на листата на СЗО на шест вакцини кои стигнале до третата фаза на клиничко испитување.
Руските здравствени власти објавија во саботата дека се подготвуваат за масовна вакцинација против коронавирусот во октомври оваа година.
Министерот за здравство, Михаил Мурашко, рече дека први ќе бидат вакцинирани докторите и професорите, а потоа постепено и остатокот од населението.
Додаде дека клиничкото испитување на вакцината е довршено и дека во подготовка е нејзиното одобрување.
Досега Русија нема објавено и доставено научни податоци за вакцината за независна евалуација.
Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во Москва уште во мај објави дека развил вакцина, за која тврди дека создава имунитет на коронавирус без негативни нуспојави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се уморил од грабежот: крадец провалил во стан во Русија, а потоа заспал во него
Крадец заспал во стан во рускиот град Благовешченск откако го ограбил.
Сопственичката го пронашла во таква состојба откако се вратила дома од работа, објави Одделот на Министерството за внатрешни работи на Амурскиот регион.
Жената пријавила во полиција дека, по враќањето од ноќната смена, пронашла непознат маж во својот дом, пренесува РИА Новости.
„Се покажа дека крадецот влегол во куќата низ прозорецот во текот на ноќта, со намера да изврши кражба, знаејќи дека сопствениците не се таму. Осомничениот ги спакувал телевизорот и моторната пила во чантите, но, претпоставувајќи дека сопственичката ќе биде отсутна долго време, решил да се одмори и заспал. Сопственичката на куќата го пронашла во таква состојба кога се вратила од работа“, се наведува во извештајот.
Полицијата го привела осомничениот за обид за кражба на станот.
Станува збор за 45-годишен локален жител со претходно криминално досие за кражба и трговија со дрога.
Против него е покрената кривична постапка, а РИА потсетува дека обидот за кражба извршен со нелегално влегување во дом носи казна затвор до шест години.
Како превентивна мерка, на крадецот му е дадена писмена обврска да не го напушта просторот и да се однесува соодветно.
Фото: принтскрин
Свет
Паника во американската воена база поради сомнителен пакет
Неколку лица се разболеле и биле однесени во болница откако сомнителен пакет со бел прав бил доставен до воздухопловната база „Ендрус“ во американската држава Мериленд, според официјални лица и извори запознаени со истрагата, пренесува CNN.
Според соопштението од базата Ендрус, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, пренесува CNN.
Тимовите за итна интервенција реагирале брзо и утврдиле дека нема непосредна закана, по што случајот бил предаден на Канцеларијата за специјални истраги.
Неколку лица кои биле во контакт со пакетот, или во негова близина, биле транспортирани во медицинскиот центар во рамките на базата.
Првичниот тест не открил присуство на опасни супстанции, но истрагата продолжува.
Сè уште не се познати степенот и природата на симптомите кај оние кои се разболеле.
Тимот за опасни материјали го напуштил местото на настанот синоќа.
Просторијата каде што бил отворен пликот – во зградата каде што се наоѓа Центарот за подготвеност на Националната гарда – е сè уште затворена.
Базата „Ендрус“, која се наоѓа во близина на Вашингтон, е позната, меѓу другото, по тоа што се користи за патувања на американскиот претседател, потпретседателот и членовите на кабинетот.
Лидерот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, беше во базата еден ден пред инцидентот, во средат, пренесуваат светските медиуми.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони
Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата.
„Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач на авиони во кинеската флота, прв опремен со електромагнетни катапулти (EMALS) – технологија што досега ја поседува само американскиот „USS Gerald R. Ford“. Со тоа се овозможува полетување на авиони со поголем товар и поголем дострел.
President Xi Jinping on Wednesday attended the commissioning and flag-presenting ceremony of the Fujian, China's first aircraft carrier equipped with electromagnetic catapults, in south China's Hainan Province, according to Xinhua.
Xi, also general secretary of the Communist… pic.twitter.com/uTKFz6n1pD
— Global Times (@globaltimesnews) November 7, 2025
Иако користи конвенционален погон, за разлика од американските нуклеарни носачи, „Фуџијан“ со истиснина од 80.000 тони се смета за најмоќниот кинески брод досега и извор на национална гордост. Во Кина веќе се гради и четврти носач, познат како „Тип 004“, кој се очекува да има и нуклеарен погон.

